Колку знаете за женскиот оргазам? Најсилниот е повеќекратен!

Запознајте се со петте типови женски оргазам

Сигурно сте чуле за вагинален и клиторичен оргазам, но дали сте знаеле дека постојат уште три типа?

Женскиот оргазам сè уште е вистинска мистерија за многу мажи. Процесите кои водат до оргазам се многу различни кај мажите и кај жените. Меѓутоа, и самите жени знаат малку работи за женскиот оргазам. Дали сте знаеле дека постојат пет различни патишта до сексуалниот врв? Прочитајте за што станува збор…

1. Вагинален оргазам

Секоја трета жена може да доживее вагинален оргазам за време на сексот. Тоа се случува од две причини: вагиналниот оргазам е директно поврзан со Г-точката, а стимулацијата на таа точка е возможна само во одредени пози. На пример, особено е интензивна во мисионерска поза, кога ќе се повлечат колената кон рамената. Интересно е тоа што некои жени не чувствуваат задоволство кога им се стимулира Г-точката, а некои тоа го сметаат и за непријатно.

2. Клиторичен оргазам

Околу 70% од жените доживуваат оргазам за време на сексот кога им се стимулира клиторисот. Околу 8.000 нерви завршуваат на клиторисот, поради што тој е неверојатно чувствителен на стимулација. Притоа, многу е важна природната (или вештачка) влажност, но и трпението. На жените им требаат околу 16 минути за да доживеат клиторичен оргазам. Полесно е да се доживее од вагиналниот, но затоа е пократок и помалку интензивен.

3. Анален оргазам

За многу жени аналниот оргазам е непознат поим. Меѓутоа, на анусот има многу нервни завршетоци, што значи дека тоа подрачје е многу чувствително на допир. Ако сте отворени за анален секс, постојат многу шанси да доживеете оргазам. Најважно е да бидете целосно опуштени и да користите многу лубрикант. Сфинктерот (мускулниот стегач, односно мускулниот затворач којшто е врзан за уринарниот тракт) е еден од најсилните мускули во телото, па затоа тешко е да се држи опуштен. Меѓутоа, ако аналниот секс е понежен и имате целосна доверба во партнерот, може да доживеете оргазам и на овој начин.

4. Ментален оргазам

Жените можат да доживеат оргазам и без телесен допир, односно стимулација. Со волјата на мислите (ова се случува најчесто во сон) можно е да се доживеат неверојатни сексуални искуства. Ако сакате свесно да постигнете ментален оргазам, ќе ви помогнат еротските фантазии во комбинација со свесното дишење.

5. Повеќекратен оргазам

Жените имаат една предност во однос на мажите: не им треба одмор и веднаш по оргазмот можат повторно да го достигнат климаксот. Тоа значи дека може да доживеат повеќекратни оргазми за краток период. На жените им е полесно да доживеат оргазам откако веќе доживеале еден. Тогаш телото е преплавено со хормони на среќа, па ерогените зони се уште почувствителни.

Прочитајте и

Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Сакаш посебен третман?
Зачлени се во елитниот клуб. Регистрирај ја својата е-адреса и добивај специјални понуди и вести
Одјава е можна во секое време