Колку секс е… премногу?

Одговорот може да ве изненади.

Просечно возрасно лице има секс 54 пати годишно (еднаш неделно), се вели во една студија. Ако вашиот личен просек е малку поголем, сигурно сте се запрашале: колку секс е премногу? И, дали премногу секс има некакви последици?

Дефиницијата за премногу чест секс е променлива, и сè додека не боли и носи задоволство, секоја количина сексуален однос е во ред, велат експертите.

Сепак, помага да се знае дали нашето тело ни дава сигнали дека е време да се одмориме.

Премногу секс: Кои се ризиците?

Главните физички знаци на премногу чест секс се прекумерно отекување на вагината и лабиите. Исто така, болката е јасен показател дека имате премногу секс. Имено, пречестиот сексуален однос доведува до сувост на вагината, што предизвикува непријатност и болка. Во овие случаи, експертите ве советуваат да одморите.

Пречестиот секс може да предизвика инфекции на вагината и мочниот меур, а може да се појават и повреди на гениталиите. Кога станува збор за мажите, и тие можат да ги почувствуваат последиците од премногу честиот сексуален однос. Во случај да има болка и оток на самите гениталии, како и потешкотии при мокрење, време е да се одморите од сексот.

Во некои случаи, премногу сексуален однос може да предизвика и услови во кои е потребна медицинска помош. Ако забележите премногу лачење, крварење, рани на гениталиите, болка при мокрење или болка во самата вагина, време е да посетите лекар.

На крајот, експертите советуваат дека сè додека користите соодветни лубриканти и правите паузи помеѓу сексуалниот однос, нема да имате никакви несакани ефекти од премногу секс. Општо, советот е да го слушате вашето тело

Сите информации што ги даваме се само за информативни цели. Во случај да се сомневате во некоја болест или имате потврдена дијагноза, задолжително контактирајте го избраниот лекар кој ќе ви ги даде најдобрите совети и упатства за лекување.

Прочитајте и: 14 различни видови на главоболки – со што се соочувате?

 

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.