Кои се најчестите повреди при секс?

 

Едно најново истражување на здравствената компанија euroClinix покажува кои се најчестите повреди здобиени за време на секс.

Некои повреди се прилично очигледни, додека други се малку почудни и најверојатно им се случуваат на оние кои се малку поавантуристички настроени во кревет (или на друго место).

Најчеста повреда кај жените е појава на ранички на вагината и појава на инфекција на уринарниот тракт, додека кај мажите најстрашна повреда е скршен пенис, но тоа за среќа се случува многу ретко.

Истражувањето исто така покажа дека од 2.000 испитаници од Велика Британија, дури 22% од испитаниците на возраст од 18-24 години рекле дека се имаат повредено за време на секс на некаков начин.

 

Ова се осумте најчести повреди (и негативни последици) од секс што не вклучуваат сексуално преносливи болести, и совети како да постапите во таков случај:

Ранички на вагината – Користете лубрикант ако немате доволно природна влажност. Посетете лекар ако пецкањето продолжува и апстинирајте од секс додека не се затворат раничките бидејќи се идеална површина за развивање инфекција.

Осип од триење – Најчесто се јавува од триење на кожата на тепих или груб мебел-штоф. Измијте го тој дел од кожата со ладна вода и антибактериски сапун.

Предмет во вагината – Ако некој дел, или цел предмет, што сте го користеле во секс-игрите пропадне во вагината веднаш побарајте помош од лекар.

Повреда на грбот – Ставете ладна облога на болното место или гел за опуштање на мускулите.

Истегнат мускул – Ставете ладна облога и напијте се ибупрофен за секој случај.

Иритација од храна – Измијте ја кожата со ладна вода и сапун и ставете облога со ладно млеко.

Инфекција на уринарниот тракт – Чувствувате пецкање кога уринирате? Посетете го гинекологот за потврда на инфекцијата и нека ви препише терапија.

Скршен пенис – Ова не е честа повреда, но за секој случај, треба да го знаете ова: Не ставајте мраз и веднаш упатете се во болница.

Прочитајте и

Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Сакаш посебен третман?
Зачлени се во елитниот клуб. Регистрирај ја својата е-адреса и добивај специјални понуди и вести
Одјава е можна во секое време