Кое е „нормалното“ времетраење на сексот и што да направите ако сакате да трае подолго

Истражување открива

Кога станува збор за сексот, дали е подолго навистина подобар или квалитетот нема никаква врска со времетраењето на сексуалниот однос?

Иако одговорот на ова прашање варира од личност до личност, истражувањата сепак ни даваат одговор на прашањето за „нормалното“ времетраење на сексот. Така, едно истражување од 2005 година даде резултати кои велат дека просечниот секс трае околу пет и пол минути, а експертите забележуваат дека секој секс што трае помеѓу три и тринаесет минути се смета за нормален. Сè што е над тоа се смета за предолго. Но, како што веќе споменавме, некои луѓе едноставно сакаат подолг секс и користат разни трикови за да го продолжат. Еве три методи што можете да ги користите за да го направите тоа.

Како да го продолжите времетраењето на сексот?

Причините за „краток“ секс можат да бидат различни. Понекогаш тоа е сувост на вагината, понекогаш предвремена ејакулација, понекогаш неможност да се контролира оргазмот, а понекогаш и нешто сосема друго. Без оглед на причината, знајте дека е донекаде можно да се поправи.

Лубрикант

Многу жени се борат со сувост на вагината, а за многумина, сексот станува болен по некое време, бидејќи природната влага може да се изгуби на средина од сексот. Во овие моменти, сексот запира за многу парови, но ова може да се одложи ако користите лубрикант.

„Edging“

„Edging“ е техника на одложување и контролирање на оргазмот за време на сексот. Целта е да се остане во фаза на пред-оргазам и со тоа да се зголеми сексуалното задоволство. Ако вашиот секс трае премногу кратко, обидете се со овој метод, но знајте дека е потребно време за да се усоврши.

Промени

Оргазмот се јавува преку постојано повторување на сексуалните стимули. За да го продолжите сексот понекогаш ќе биде доволно едноставно да ја смените поза, да забавите или да се фокусирате на некое различно допирање.

Ако сте загрижени дека сексот е „премногу краток“ за вас, мора да бидете свесни за фактот дека нормален секс што трае со часови не постои. Сексот помеѓу здрави луѓе, без алкохол, лекови и апчиња за потенција се смета за нормален.

Прочитајте и: Дали знаевте: Омилената боја може да открие какви сте во кревет

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.