„Имав секс со сопругот секој ден цела година“: Ова е нејзиното искуство – промената била неверојатна

Исповед на една жена

„Повторно уживав во сексот, уживав во моето тело“, вака започнува исповедта на оваа жена

Таа одлучила да има секс буквално секој ден, 365 дена по ред и успеала во тоа.

Таа го опишала своето искуство и открила што ја навело на тој потег. Тоа се случило пред неколку години, но и денес ги чувствува позитивните последици.

Ова е нејзината исповед:

„Кратко по третото породување, излегов од кадата гледајќи се во огледало. Си помислив: ’Што прави мајка ми во мојата бања?’. Оттогаш не сакав да бидам гола. Ги исклучував светлата за време на секс, ги покривав стомакот и градите со облека и чекав сопругот да излезе од собата за да се преслечам.

Годините минуваа, а тоа што не сакам да покажам своето голо тело почна да ме загрижува. Се запрашав дали мојот сопруг се сеќава како изгледам гола. Тогаш ми падна на памет да водиме љубов секоја вечер, 365 дена. Таа идеја ја добив по разговор со пријателка која го правеше истото, буквално секоја ноќ.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Brittany Gibbons (@brittanyherself)

На почетокот, идејата за секс секоја ноќ ми звучеше одбивно, но и по малку интригантно бидејќи тоа би ме натерало да го гледам своето голо тело секој ден. Си мислев: ’Покривачот во некој момент ќе се помести, а светлата ќе останат вклучено’. Иако, во реалноста сакав само да се испружам на кревет, да грицкам нешто и да гледам телевизија.

Минуваа месеци и почнав да му се радувам на тоа. Имавме односи и кога имав менструација. Сексот стана повеќе од секс, се разбудија некои чувства. Станавме поромантични, повеќе се допиравме и секое утро страсно се бакнувавме пред да одиме на работа. Врската ни стана поцврста и подобра.

Повторно уживав во сексот, уживав во своето тело и конечно престанав да ги кријам моите физички недостатоци. Прифатив дека изгледам така како што изгледам. За првпат ми беше поважно сексот да ми биде добар одошто стомакот да ми изгледа порамно.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Brittany Gibbons (@brittanyherself)

По една година престанав да носам облека кога не треба и опуштено одев во бањата гола. Неверојатно ми се промени односот кон моето тело и односот со мојот сопруг. Сега, по три години, сѐ уште имаме секс секоја вечер.

Од сето ова и двајцата научивме колку е важен сексот за да бидеме среќни во бракот. Научив да бидам подобра сопруга, подобра мајка и посигурна сум во себе, се чувствувам добро во својата кожа.

И за крај – никогаш не стануваше збор за тоа дали некој ме посакува, туку за тоа дали јас се сакам себеси. И ми требаше една година секс за да го сфатам тоа.“

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.