„Имав интимни односи 365 дена по ред“: Мајка на три деца открила што ѝ се случило по овој експеримент

Неверојатно искуство

Ова искуство на жена која секој ден имала интимни односи многумина ќе ги воодушеви, а промената што ја доживеала никогаш нема да ја заборави

Британи Џибонс е британска писателка и мајка на три деца, која донела многу необична и несекојдневна одлука. Имено, оваа жена добила идеја секој ден во годината задолжително да води љубов.

Писателката останала доследна на својата одлука и 365 дена имала сексуални односи. Таа детално го опишала своето искуство и открила што ја мотивирало да го направи тоа. Последиците биле позитивни, а ги чувствува и денес.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Brittany Gibbons (@brittanyherself)

Ви ја пренесуваме нејзината исповед во целост.

„Кратко по третото породување, излегов од кадата и се погледнав во огледало. Си помислив: ‘Што прави мајка ми во бањата?’. Од тој момент не сакав да бидам гола. Ги исклучував светлата за време на секс, со облека ги криев стомакот и градите и го чекав сопругот да излезе од собата за да се преслечам.

Годините минуваа, а тоа што не сакав да го покажам голото тело почна да ме загрижува. Се запрашав дали мојот сопруг се сеќава како изгледам гола. Тогаш ми падна на памет идејата да имаме секс секоја вечер, и така 365 дена. Се сетив на тоа по разговор со пријателка која го правеше истото тоа, буквално секоја вечер.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Brittany Gibbons (@brittanyherself)

На почетокот, идејата за секс секоја вечер ми звучеше одбојно, но и по малку интригантно, бидејќи тоа ќе ме натераше да го гледам моето голо тело секој ден. Си мислев: ‘Покривката во некој момент ќе се помести, а светлата ќе останат вклучени’. И покрај тоа што само сакав да се излежувам во кревет, да грицкам нешто и да гледам телевизија.

Минуваа месеци и јас почнав да му се радувам на ова. Имавме секс и кога имав менструација. Сексот стана повеќе секс, ни се разбудија некои чувства. Станавме поромантични, повеќе се допиравме и секое утро се бакнувавме страсно пред да одиме на работа. Врската ни стануваше поцврста и подобра.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Brittany Gibbons (@brittanyherself)

Повторно уживав во сексот, уживав во моето тело и конечно престанав да ги кријам своите физички недостатоци. Прифатив дека изгледам така како што изгледам. Првпат во животот поважно ми беше сексот да биде добар отколку стомакот да ми изгледа рамно.

По една година, престанав да носам облека кога не треба и опуштено одев во бањата гола. Врската со мојот сопруг и со моето тело драстично се промени. Сега, по три години, и понатаму имаме секс буквално секоја вечер.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Brittany Gibbons (@brittanyherself)

Од сето ова, и двајцата научивме колку е важен сексот за да бидеме среќни во бракот. Научив да бидам подобра сопруга, подобра мајка и посигурна сум во себе, се чувствувам добро во своја кожа.

И за крај, никогаш не стануваше збор за тоа дали некој ме посакува, туку дали јас самата се сакам себеси. И ми требаше една година секс за да го сфатам тоа.“

Што се случува со телото кога долго време немаме односи? Психотерапевтка открива кој пол е во поголема опасност!
Прочитајте и

Коментарите се заклучени.