„Имам 59 години и сè уште не сум влегла во менопауза“: Редовниот секс може да ви помогне да ја одложите менопаузата!

Научно потврдено

Здравиот и активен сексуален живот може да ја одложи менопаузата, а истражувањата го докажуваат тоа

Редовниот секс може да помогне во одложувањето на менопаузата, која обично настапува кај жените помеѓу 45 и 55 години. Во просек, таа започнува околу 51-та година од животот.

Вики Роудс (59) тврди дека сè уште не влегла во менопауза, сето тоа благодарение на нејзината љубовна ситуација. На 49 години го запознала Џек (39) со кого започнала врска.

Сега вели дека нивната врска е причината зошто сè уште не влегла во менопауза.

Вики никако не успеала да се соживее со нејзините пријателки, кои веќе се жалеле на симптоми на менопауза, како што се валунзи, ноќно потење, раздразливост, нарушување на сонот и сувост на вагината, бидејќи таа сè уште ги нема овие симптоми.

„Последното истражување ми даде објаснување, бидејќи во годините кога би требало да настапи менопауза кај мене, јас ја започнав врската со Џек. Веќе десет години имаме односи речиси секој ден. Веројатно тоа ги одржало моите хормони во нормала“, открила таа.

Истражувачите велат дека со активниот сексуален живот ја одржувате и активноста на вашите хормони, па останувате плодни подолго време.

Научниците велат дека ако жената нема секс и не постои шанса за бременост, телото одбира да не вложува повеќе енергија во овулацијата и влегува во менопауза.

„Во периодот кога многу жени се соочуваа со менопауза, јас ги живеев најубавите моменти во мојот живот со Џек. Зад себе имам два неуспешни брака, од кои единствена среќа ми се синот и ќерката. Џек е првиот маж кој ме разбуди сексуално и тоа во периодот кога многу жени не ни имаат сексуален живот“, рекла Вики.

Перименопаузата е состојба што тешко се открива: Овие 34 симптоми откриваат дека наскоро ќе влезете во менопауза!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.