Гвинет Палтроу го лансира својот прв велнес-вибратор (ФОТО)

Премиерата се случи токму на Денот на вљубените, 14 февруари

Сексуалното здравје е нов извор на приходи на холивудската актерка Гвинет Палтроу. Една година откако нејзините свеќи со мирис на оргазам и на вагина беа пуштени во продажба, и распродадени за два часа, актерката и нејзиниот дигитален медиум „Гуп“ (Goop) го лансираа првиот вибратор.

Премиерата се случи токму на Денот на вљубените, 14 февруари.

Станува збор за розово-бел вибратор, кој ќе се продава по цена од 95 долари на сајтот Goop. Покрај тоа, уредот е опремен со „несекси, но практични делови“, како батерија со ЛЕД-дисплеј.

Сексот е жешка тема на „Гуп“. Медиумската империја постојано го поттикнува интересот за сексуалноста и здравјето преку низа објави, работилници, поткастови, па дури и новиот Тhe Goop Lab на Нетфликс.

Маркетинг-одделот на „Гуп“ инсистира дека „вибраторите не само што ви помагаат да доживеете сексуално задоволство туку и ги подобруваат сонот, расположението и го намалуваат стресот.“

Фото: Getty Images

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.