Ги исполнуваат своите сексуални фантазии и не се срамат од тоа: Ријана е мазохист, а еве кој има најбизарен фетиш!

Бизарни фетиши

Луѓето често се срамат да признаат дека им се допаѓа нешто што не е вообичаено и што се смета за чудно. Сепак, некои познати личности со задоволство ја споделуваат својата интима со јавноста

Секс-револуцијата во забавната индустрија одамна заврши. Денес, големите холивудски ѕвезди не ги кријат своите најинтимни и најбизарни фетиши, туку отворено зборуваат за нив и ги користат за да ги пополнат новинарските страници.

Латино-ѕвездата Рики Мартин открил дека обожава да уринира на својот сопруг Џовани Џозеф. Како што раскажал, најмногу го возбудува тоа кога може да го почести својот сопруг со „златен туш“ за време на сексот.

„Температурата на водата не е ни приближно топла како температурата на телото. Токму тоа ме возбудува. Обожавам да мокрам на него кога имаме секс“, раскажал тој.

Поп-ѕвездата Леди Гага, исто така, има свои изместени фантазии. Пејачката јавно признала дека обожава разни секси-костими, но и да ја гризат и касаат за време на сексот.

Ријана изјавила дека е мазохистка. Пејачката признала дека обожава кога ја врзуваат и камшикуваат. Таа е навикната отворено да зборува за тајните од спалната соба, па воопшто не се поколебала јавно да признае дека ужива кога ѝ нанесуваат болка.

Кармен Електра признала дека обожава да посетува разни секс-шопови и да купува играчки, како лисици и разни помагала.

За Скарлет Јохансон, сексот во кревет е здодевен и преценет. Прекрасната актерка, наместо тоа, обожава секс во автомобил.

Фото: Getty Images

„Мислам дека сексот во автомобил е одличен и дека нуди еден куп можности за разлика од здодевниот секс во кревет“, изјавила таа.

Исто така, рекла дека неколку пати си го има исполнето својот најголем фетиш и додала дека обожава да биде на задното седиште.

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.