Дознајте што открива за вас вашата омилена секс-поза!

Ќе се изненадите!

Погледнете ги најпопуларните секс-пози и дознајте што откриваат тие за карактерот…

Секој од нас има своја омилена секс-поза. Фактот дали сакате секогаш да бидете горе или доле може да открие многу работи за вас. Дали сте знаеле дека постои врска помеѓу вашиот карактер и сексуалната поза што обично ја одбирате во спалната соба?

Тоа што секогаш сакате да бидете горе докажува дека сакате да имате контрола и да бидете во центарот на вниманието. Кучешката поза ја открива вашата животинска природа, додека позата 69 покажува дека ви треба интимност.

Дознајте што вашата омилена сексуална положба открива за вас. Можеби ќе научите нешто ново за себе!

Поза „лажичка“

Луѓето што ја сакаат позата „лажичка“ ја вреднуваат интимноста. Тие се страсни луѓе и се грижат не само за своето задоволство, туку и за задоволството на другата половина. Ова е поза што овозможува удобност на двајцата. Оваа поза најчесто ја одбираат луѓето што сакаат да останат во својата удобна зона.

Мисионерска поза

Ова е една од најпопуларните секс-пози. И жените и мажите ја обожаваат. Ако сте љубител на мисионерската поза, тоа значи дека ви треба емоционална посветеност и љубов. Мажите, пак, ја одбираат оваа поза бидејќи сакаат да доминираат во животот и да имаат контрола врз се. Паровите на кои оваа поза им е омилена се постојани и имаат добра врска.

Поза 69

Луѓето што ја сакаат позата 69 се сигурни во себе. Тие добро знаат што сакаат од животот и не се плашат од ризици и предизвици. Дали и вас ве опишуваат овие особини?

Кучешка поза

Оваа поза е типична за луѓето што имаат животинска природа. Луѓето што ја сакаат оваа секс-поза се отворени и сакаат да експериментираат. Тие не бараат трајна љубов, туку се отворени и за поопуштени односи. Уживаат во сексот и се сосема спротивни на луѓето што ја сакаат мисионерската поза.

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.