Дали жените имаат „влажни соништа“ како мажите?

Што велат експертите?

Колку и да се разликуваат машкиот и женскиот ум (особено кога станува збор за секс), тие сепак имаат нешто заедничко…

И покрај тоа (претежно) што тие не се будат во неред, тоа не значи дека жените немаат влажни соништа!

Интимниот здравствен експерт д-р Сирин Лахани за порталот Vice вели дека скоро секој може да доживее оргазам во нивниот сон.

„Влажните соништа можат да ги доживеат мажите и жените од која било возраст. Тие се најчести во пубертетот, но се јавуваат и подоцна во животот“, вели д-р Лахани за порталот и објаснува кога се најверојатни кај жените: „За време на РЕМ фазата на спиење има зголемена циркулација на крвта во гениталиите и клиторисот, што го води мозокот до сексуална возбуда, што може да резултира со оргазам“.

Сепак, влажните соништа кај жените не се толку експлицитни и јасни како кај мажите, односно нема „материјален доказ“ за нив.

„Кога ќе се разбудите наутро, не мора да значи дека сте имале оргазам, туку само дека сте биле сексуално возбудени за време на спиењето“, додава тој.

Студијата спроведена во институтот Кинси открила дека 80 проценти од мажите и 40 проценти од жените доживеале оргазам на спиење барем еднаш во животот. Оргазмот во спиењето не бара физичка стимулација и може да биде производ на умот.

Покрај тоа, некои луѓе можат да доживеат оргазам само во сонот. Спиењето е совршена „околина“ за оргазам. Во сонот нема одвлекувања или грижи. Можете апсолутно да се опуштите и да го направите точно она што го сакате.

„Ако жената може да доживее оргазам само во сонот, тоа би можело да значи дека има потешкотии да се препушти и да се релаксира за време на сексуален чин во пресрет“, изјави Лори Минц, психолог од Универзитетот во Флорида.

Прочитајте и: Оваа поза е идеална за постигнување женски оргазам, дали сте ја пробале?

 

ФОТО: Pexels

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.