Ако сопругот ви го претвора животот во пекол и одбива интимни односи, еве што да правите: Совети на руски психолог!

Сите зборуваат за овие совети

Фото: Getty Images

Рускиот психолог Михаил Лабковски решил еден многу незгоден проблем

Советите на Михаил Лабковски се многу ценети, бидејќи се директни – овој психолог нуди сурова реалност.

Ви го пренесуваме советот на Лабковски како да постапите во случај сопругот да одбива интимни односи…

Проблем: Сопругот изгубил интерес за секс

Решение: За да не дојде до каков било проблем во бракот, двојката мора да работи на себе, да се развива заеднички. Како прво, да разговара, да излегува заедно, да се дружи со други луѓе, да се воздигнува културно и слично. Ако дојде до некаков проблем, важно е да знаат дека искрениот разговор може многу да помогне. Дали полесно или потешко ќе најдете решение зависи од тоа како и зошто се стапиле во брак.

За жал, денешните бракови сè почесто се склопуваат бидејќи едниот или двајцата сопружници не сакале да останат сами до крајот на животот. Сакаат да имаат деца, да се средат и поради тоа набрзина стапуваат во брак.

Поради тоа, ваквите бракови многу порано запаѓаат во криза за разлика од браковите склопени од чиста и искрена љубов. Ако вашиот сопруг изгубил волја за секс, мора да побарате помош од сексолог. Ако сопругот одбива, почекајте неколку недели па повторно спомнете дека мора да побарате стручна помош.

Ако ни тогаш не сака да побара помош, побарајте друг маж! Можеби ова ви звучи сурово, но реалноста е дека вие физички сте во брак, но не и психички. Мажот не е маж ако ги одбива брачните должности.

Руски психолог открива: 3 правила кои треба да ги применувате во водењето љубов, за тоа секогаш да биде на ниво
Прочитајте и

Коментарите се заклучени.