8 вистински жени ја откриваат омилената поза во сексот: Пробајте ја!

Совети како да ги „зачините“ работите во спалната соба

Ако познатото ви е здодевно, тогаш и повторувањето на старите навики во спалната соба нема да придонесе за возбудлив секс. Експертите советуваат работите „под покривката“ да се одвиваат спонтано за да го избегнете чувството дека е „нешто што треба да се заврши“.

Навистина не е неопходно да сте мајстор по камасутра за да имате задоволителен или извонреден секс. Всушност, потребно е само старите навики да ги оставите настрана и да прифатите нови, проверени, кои функционираат одлично.

Осум вистински жени, на кои им се сменети само имињата, додека преостанатите податоци се точни, откриваат кои пози ги претпочитаат во сексот, зошто ги препорачуваат и како можете да ги „надградите“.

1 НЕДА (25), ПРОФЕСОРКА

ОМИЛЕНА ПОЗА: обожавам секс во стоечка положба, потпрена со грбот на ѕидот на туш-кабината, потпирајќи се со едната нога за работ на кадата!

ЗОШТО МИ Е ВОЗБУДЛИВО: водата што се слева врз нашите тела и исправената положба придонесуваат да се чувствуваме дека треба да го продолжиме сексот. Позата е одлична за спонтан секс „набрзина“, увертира во втората рунда во креветот, на кој легнуваме чисти, мирисливи и расположени за поголемо задоволство.

Оваа поза ја практикувам со момчето затоа што порано имавме врска на далечина и нѐ потсетува на средбите полни со страст по подолг период на разделеност. Кога ќе допатуваше, тој буквално од вратата скокаше под туш за да се избања, а јас му се придружував и така почнуваше нашата повторна средба.

СОВЕТ-ПЛУС: ги обожавам геловите за туширање – мирисаат прекрасно и помагаат нашите лизгави тела да се испреплетуваат во страстен „клинч“.

2 САНДРА (27), ПРАВНИЧКА

ОМИЛЕНА ПОЗА: секс од страна или популарната „лажица“. Од таа положба, тој клекнува на колена покрај мене и продолжува со пенетрација.

ЗОШТО МИ Е ВОЗБУДЛИВО: тоа „ненадејно движење“ придонесува од мрзлив утрински секс да се префрлиме во возбудлив. По тоа движење, обично следува „кучешки стил“ или „каубојка“.

СОВЕТ-ПЛУС: во првата варијанта, вибраторот е од голема помош затоа што во таа поза тешко се стигнува до клиторисот, но често и не ни е потребна секс-играчка.

3 АНА (24), ПРОДАВАЧКА

ОМИЛЕНА ПОЗА: каубојка свртена обратно! Јас сум свртена со грб кон неговото лице, а тој се придржува за работ на кадата, а јас за ѕидот.

ЗОШТО МИ Е ВОЗБУДЛИВО: ми се допаѓа затоа што можам да ја водам играта, а топлата вода ни помага да се релаксираме. Позата е одлична кога ќе одлучите да ја смените рутината, па обично ја практикуваме кога сме на одмор и кога кадата со која располагаме е доволно голема. Додавам мирисливи масла во бањата, палам свеќи и тој секси-амбиент води до врвно уживање.

СОВЕТ-ПЛУС: цвеќе, меурчиња и масло за бањање… Уживанција. Внимавајте само да не се лизнете, а бидете подготвени и за неколку мали модринки на колената доколку кадата не е доволно голема.

4 МАРИЈА (34), ЕКОНОМИСТКА

ОМИЛЕНА ПОЗА: стоечки ги обвиткувам нозете околу неговата половина, тој ги става рацете под мојот задник и ме подига нагоре-надолу. Позата ја нарекувам „канџа“.

ЗОШТО МИ Е ВОЗБУДЛИВО: јас сум независна жена, но понекогаш сакам да сум во подредена позиција. Во тој случај, мојот партнер има целосна контрола, а јас не морам да правам ништо. Нему оваа поза му е физички изискувачка, а јас се чувствувам како во бестежинска состојба, а оргазмот е загарантиран.

СОВЕТ-ПЛУС: „канџата“ е уште поинтересна кога телото е лизгаво, па ви препорачувам масло за бебиња. Можеби е подобро прво да ја пробате во „сува“ варијанта, и тоа неколкупати, за да не се повредите.

5 ЈАСМИНА (40), АДМИНИСТРАТИВНА РАБОТНИЧКА

ОМИЛЕНА ПОЗА: лежам на грб, а тој е врз мене. ОК, најмногу ја сакам мисионерската поза.

ЗОШТО МИ Е ВОЗБУДЛИВО: иако можеби изгледа здодевна, оваа поза ми е омилена затоа што го гледам в очи додека водиме љубов. И не сум пасивна, понекогаш го зграпчувам за газето и го туркам подлабоко во мене. Овој секс никогаш не ми е здодевен, особено ако е придружен со бакнежи во устата и во вратот.

СОВЕТ-ПЛУС: пробајте ја оваа поза на отворено. Како тинејџерка, имав секс на покривот на мојата зграда. Иако мислев дека никој нема да ме види, веста пристигна до мајка ми. Сепак, многу е возбудливо да имате секс на отворено, но на скришно место!

6 ТИНА (36), МЕДИЦИНСКА СЕСТРА

ОМИЛЕНА ПОЗА: лежам на грб, моите нозе се на неговите раменици. Тој со градите се потпира на моите нозе и пенетрира. Во оваа поза, јас сум многу бучна, па ја нарекуваме „врескачка машина“.

ЗОШТО МИ Е ВОЗБУДЛИВО: оваа поза овозможува длабока пенетрација и дефинитивно води до интензивен оргазам.

СОВЕТ-ПЛУС: јагоди, шлаг и шампањско за предигра. За да ги „зачините“ работите, забрането е да јадете јагоди и шлаг со рацете, па додека заводливо грицкам јагоди, тој е веќе доста возбуден. Додека да ја изедеме и последната, веќе сите алишта се на подот.

7 ЕЛЕНА (27), ФИТНЕС-ТРЕНЕРКА

ОМИЛЕНА ПОЗА: мојот свршеник и јас сме клекнати на подот, јас со горниот дел на телото се потпирам на креветот, ги ширам нозете малку повеќе од неговите за да имаме рамнотежа. Тој пенетрира одзади. Позата ја викам „обратен Ален“, бидејќи е варијација на друга поза што тој веќе ја смисли. Многу е креативен 🙂

ЗОШТО МИ Е ВОЗБУДЛИВО: во оваа поза се чувствувам како најсексапилната жена на светот. Моите гради изгледаат фантастично, а кога ќе го вовлечам стомакот, телото ми изгледа одлично. Неодамна, додека имавме секс во оваа поза, го замолив да ме повлече за косата. Какво доживување, во секунда доживеав оргазам!

СОВЕТ-ПЛУС: обожавам пред сексот да шеткам во подврски и високи потпетици. Изгледам навистина одлично во тој аутфит.

8 ГОРАНА (44), ВОСПИТУВАЧКА

ОМИЛЕНА ПОЗА: „каубојка“ – додека сум врз него, тој се потпира со нозете на земјата така што можам грбот повеќе да го извиткам наназад и посилно да го притискам со карлицата.

ЗОШТО МИ Е ВОЗБУДЛИВО: се чувствувам како рок-ѕвезда затоа што целото мое тело е изложено на неговиот поглед, а дополнително ме возбудува контактот со очи. Тој обожава да ми ги допира градите…

СОВЕТ-ПЛУС: ова е вообичаена поза, но секси-долната облека дефинитивно ќе ја разгори страста. Тој обожава да ме соблече, но јас го оставам градникот до половина на градите и така не ги гледа цели, што дополнително го возбудува.

Текст: Наташа Човиновска

Фото: Guliver/Getty Images

Прочитајте и
1 коментар
  1. Cvetanka Nestorovska вели

    „8 вистински жени“
    Јас па сакам девојчиња… sorry! – и јас сум вистинска ни поише ни помалку од овие 8. Не знам што има повистинско на нив од ова што е на мене?

Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.