5 погрешни „факти“ за кондомите во кои луѓето и понатаму веруваат

Презервативите се контрацепциски средства со најширока употреба

Освен заштита од непосакувана бременост, голема улога имаат и во спречувањето на пренесување сексуално преносливи болести

Иако уште одамна се знае сè за ова контрацепциско средство, многу луѓе и понатаму веруваат во митовите за презервативите.

1. Ако ставите лубрикант на кондомите, ќе го спречите неговото пукање

Лубрикантите на база на масло и петролеј всушност можат да го оштетат кондомот.

2. Кондомот штити од сите полово преносливи болести

Кондомите не штитат целосно од гениталниот херпес, ХПВ, сифилис и срамните вошки. Презервативот не е доволна заштита ни за гениталниот херпес и оралниот херпес, за кој неодамна се откри дека може да се пренесе и по полов пат. Ако имате ХПВ или херпес може да поминат години без да се појават никакви симптоми и да не знаете дека сте болни, а притоа  да му ја пренесете болеста на партнерот.

3. Ако сте алергични на латекс, не можете да користите кондоми

Можете да користите кондоми направени од полиуретан и полиизопрен.

4. Можете да ги чувате кондомите во паричник

Ако чувате пакетче кондоми во паричник подолго време, може да се оштети материјалот од кој е направен презервативот и да се создадат ситни дупчиња на него.

5. Ако користете два кондома одеднаш, ќе ја зголемите заштитата

Користењето два кондома одеднаш, всушност ја намалува заштита, бидејќи се создава поголемо триење и поголема шанса презервативот да пукне.

Прочитајте и

Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Сакаш посебен третман?
Зачлени се во елитниот клуб. Регистрирај ја својата е-адреса и добивај специјални понуди и вести
Одјава е можна во секое време