5 најдобри сексуални совети за жени, според експертите

Секс експерти и терапевти се согласуваат за една работа – бидете отворени кога станува збор за секс, бидејќи тоа ќе ја зајакне вашата врска и ќе ви помогне да имате подобар сексуален живот.

Понекогаш е само истражување нови техники или играчки, а понекогаш е потребно да излезете од вашата комфорт зона за да ги зачините работите малку. Ние издвоивме 5 најдобри совети за жените кога станува збор за секс, а експертите се согласуваат со сите нив.

Сексуални совети за жени

Бидете отворени за испробување нови работи

Мажите копнеат по жената да биде безгранична и самоуверена кога станува збор за сексот. Разновидноста е таа што ја одржува врската во живот и дополнително ја зачинува, а на мажите тоа дефинитивно им треба – посочува д-р Лора Берман. Имајте на ум дека ова не значи дека треба да правите работи во кои не уживате, но подеднакво се водите од уживањето и ваше и на вашиот партнер. Бидете отворени за вашите потреби и желби.

Гледање порнографија

Сексуалните терапевти велат дека гледањето порнографија е еден од најдобрите сексуални совети што може да ги добие жената. Обидете се да го практикувате овој совет затоа што гледањето порнографија може да биде забавно и сексуално да ги разбуди вашите односи, вели д-р Сара Хантер Мареј. Исто така, ова може да биде отскочна даска за нови разговори и возбуда што ги сакате во сексот со вашиот партнер.

Пробајте секси играчки

Секси играчките можат да бидат забавен и експериментален начин за поврзување во спалната соба. Не се срамете, но навистина сметајте го како еден дел од играта што навистина ќе ја подигне вашата атмосфера.

Бидете гласни во кревет

Навистина, мажите го обожаваат тоа! Најлошо за нив е кога жената молчи и всушност не знаат дали ја задоволуваат на вистински начин. Секој партнер сака да чуе дека жената ужива, па не двоумете се да зборувате за тоа што ве возбудува, што сакате и што би сакале вашиот партнер да направи за вас.

Покажете колку ви значи вашиот партнер

За повеќето мажи најважно е само тоа – да се чувствуваат како маж. Затоа им треба малку потсетник за да ги ценат, а вие тоа ќе го постигнете само со вербализација или некои ситни знаци. Не само што сексот е она што го сакаат мажите, туку и гушкањето и врзувањето е делот што ќе ве поврзе на едно големо ниво што потоа води кон тој сексуален дел.

Прочитајте и: Како да согорите што повеќе калории со секс? Еве го одговорот

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.