5 митови за кондомите во кои сè уште верувате

Заштитете се

Кондомот е најчесто употребувана контрацепција. Покрај заштитата од несакана бременост, таа игра и голема улога во спречување на ширење на сексуално преносливи болести. Но, и покрај тоа што ги има скоро насекаде денес, многу луѓе сè уште веруваат во некои митови за овие гумени заштитници!

Ставањето лубрикант на кондом ќе спречи да пукне

ВИСТИНА: Лубриканти засновани на масло и петролеј всушност можат да го оштетат кондомот.

Кондомот штити од сите сексуално преносливи болести

ВИСТИНА: Кондомите не штитат целосно од херпес на гениталиите, ХПВ, сифилис и срамни вошки. Кондомот не обезбедува доволна заштита за херпес тип 2 или генитален херпес, ниту за херпес тип 1 или орален херпес, за кој неодамна се покажа дека се пренесува сексуално. Со ХПВ, како и со херпес, може да се случи некое лице да е болно со години без никакви симптоми, па дури и да не знае дека е болно, но може да ја пренесе болеста на својот партнер.

Ако сте алергични на латекс, не можете да користите кондоми

ВИСТИНА: Може да користите кондоми изработени од полиуретан и полиизопрен.

Кондомите е добро да ги чувате во вашиот паричник

ВИСТИНА: Чувањето кондоми во вашиот паричник подолго време може да го разреди материјалот од кој е направен кондомот и да се формираат мали дупки на него.

Користењето на два кондоми одеднаш ја удвојува заштитата

ВИСТИНА: Користењето на два кондоми одеднаш всушност ја намалува заштитата затоа што се создава повеќе триење и има поголема можност да пукне кондомот.

Прочитајте и: 5 работи што жените никогаш не треба да ги прават пред сексот

 

ФОТО: Pixabay

 

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.