4 незгодни ситуации за време на сексот: За НЕГО и за НЕА!

Еднакво непријатни

Фото: Getty Images

Повеќето жени размислуваат како им изгледа телото во одредена секс-поза, а мажите се оптоварени со одржување на ерекцијата. Но има ситуации еднакво непријатни за двата пола. Еве за што станува збор…

1. Каков ви е изразот на лицето во моментот на оргазмот

Сите се загрижени за тоа како изгледаат во моментот на оргазам и какви звуци испуштаат, не сте единствени. Заборавете на порно филмовите и препуштете се на уживањето.

2. Пребрз оргазам

Координираното постигнување оргазам во ист момент кај две личности е ретка појава. Секој си има свој ритам кој е дополнително условен од хемијата со партнерот и неговата вештина. Понекогаш ви е страв дека ви треба многу време да постигнете оргазам? Не се вознемирувајте, тој ужива во секоја минута.

3. Како ви изгледа задникот во таа поза?

Повеќето жени чувствуваат одреден тип непријатност поврзана за телото или некој дел од телото. Кога станува збор за задницата, од неа не се имуни ни мажите кои се чувствуваат посебно изложени во пози во кои партнерката има пристап на задникот и анусот.

4. Засилено потење

Сексот поттикнува лачење на пот и тоа е нормална биолошка реакција. Но, покрај тоа, жените стравуваат дека мирисот и количината на пот ќе го одбијат партнерот од сексуално уживање. Имајте на ум дека редовните хигиенски навики би требало да ги отстранат сите реални грижи околу вашата природна арома.

Фото: Getty Images

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.