3 сигурни знаци дека сексот со вашиот партнер е одличен

Сексот е многу важен сегмент на секоја врска, но овој интимен чин го достигнува својот врв тогаш кога партнерите максимално уживаат во моментот.

1. Во текот на сексот не се грижите за изгледот

Водењето љубов е страстен момент во текот на кој, за максимално да уживате треба целосно да се препуштите на чувствата.

Во тие моменти не ни е важно како изгледаме, каква ни е фризурата и дали ни се гледа целулитот. Доколку сте се препознале во ваква ситуација, тогаш треба да знаете дека сексот ви е совршен.

2. На партнерот може да му кажете што и да посакате

Сексот е индивидуален, а секој од нас има различни желби и потреби. Токму поради тоа, совршениот секс гарантира комуникација меѓу партнерите. Доколку не ви е непријатно во текот на сексот да му зборувате како да ги изведува позите, тогаш треба да знаете дека имате совршен секс.

3. По сексот се чувствувате опуштено и среќно

Докажано е дека сексуалниот однос влијае на работата на мозокот и лачењето на хормонот на среќа и задоволсто. Но, тоа се однесува само на страсниот секс во кој не се срамите од вашиот партнер.

Доколку по сексот не можете да ја тргнете насмевката од лицето, чувствувате како телото ви трепери, тогаш треба да знаете дека имате совршен секс.

 

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.