3 причини зошто не доживувате оргазам и како можете да си помогнете

Додека со повеќето задоволства сметаме дека крајот е нешто полошо од самиот почеток, водени од фактот дека сите убави работи се исто така кратки, со сексот кулминацијата е она кон што сите се стремат.

Но, сепак, голем број жени ретко или никогаш не успеваат да дојдат до тој сладок крај. И покрај фактот дека достигнувањето оргазам е честа појава, жените ретко ќе зборуваат за тоа без воздржаност, срам и вина. Скоро секоја жена што води битка со оргазмите ќе се запраша што точно ѝ е и како да се постигне цел што е обратно пропорционална со вложениот напор. Ако сте од оние кои никогаш или ретко стигнуваат до вашата дестинација на вашето сексуално патување, ви нудиме објаснувања и можни решенија.

Недостаток на комуникација

Пред да преминеме на „техничките“ објаснувања, треба да знаете дека добрата комуникација е половина од оргазмот. Не плашете се да му кажете на вашиот партнер дека не сте доживеале оргазам. Бидете отворени, кажете му ги вашите желби и кажете што сакате, а што не. Ако молчите, патот до оргазмот ќе биде многу потежок.

Фокусирање на целта, а не на „возењето“

Голем проблем кај многу жени е очекувањето оргазам и фокусот на него за време на сексот. Чувството што го обезбедува оргазмот е неописливо добро, па не е изненадувачки што го сакате. Но, фокусирањето на кулминацијата може да има спротивен ефект и да предизвика непотребна нервоза. За жените кои имаат проблем со постигнување оргазам, експертите прво ги советуваат да се фокусираат на самиот секс и да уживаат во моментот.

Верување во семоќна пенетрација

Она што ги збунува и обесхрабрува повеќето жени е верувањето дека другите жени можат лесно да достигнат кулминација при пенетрација без никаква „надворешна помош“. Како прво, мора да знаете дека бројот на жени кои можат да доживеат оргазам на овој начин е многу мал и дека тоа се случува и благодарение на клиторисот, или на неговите внатрешни делови. Овие делови на клиторисот го опфаќаат и го допираат вагиналниот ѕид и достигнуваат до аналните структури. Затоа, оргазам што се постигнува при пенетрација е исто така оргазам поради стимулација на клиторисот.

Што може да се направи за полесно да се постигне оргазам?

Никој нема да ви го прочита умот, а тоа се однесува на саканата личност и со која сте поврзани на подлабоко и повисоко ниво. Бидете искрени кога станува збор за секс и задоволство. Личноста која ве сака, секако се грижи за вашето задоволство, затоа не кријте од неа работи и лажете. Ако не можете да доживеете оргазам со пенетрација, не плашете се да го вклучите клиторисот во „играта“ за време на сексот. Исто така, сексуалните играчки како вибратори можат дополнително да го зачинат сексот и да го олеснат постигнувањето оргазам.

Прочитајте и: Позната секс-терапевтка ги открива митовите и вистините за сексот

 

ФОТО: Getty Images

 

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.