15 факти за сексот: Ова сите треба да го знаат!

Задолжително прочитајте!

Сексот е неисцрпна тема за секој од нас

Ви носиме 15 факти за сексот што можат да ви го подобрат односот со партнерот:

1. Според статистиката, повеќето жени се сигурни дека предиграта би требало да подразбира околу една третина од сексуалниот чин. Но интересно е што оваа цифра се разликува во зависност од земјата во која живеете. На пример, жените во Бразил сакаат предигра 13% од времето, а жените од Јапонија 40%!

2. Просечниот полов однос трае три и пол минути. На жената ѝ требаат најмалку 15 минути за да доживее оргазам. Па според тоа, повеќето жени остануваат незадоволени. Тие го толерираат тоа и молчат!

3. Во животинскиот свет на мажјакот му требаат 2 до 3 секунди да ја препознае женката како сексуален објект, додека на женките им требаат 8 секунди за да видат сексуален објект во мажјакот.

4. Во просек, вагината е долга околу 9 см, но осетливите ткива се наоѓаат само во првите 5 см. Па така, мажите не треба претерано да се грижат околу должината на својот полов орган.

5. Само една четвртина од Европејките сакаат секс само со еден партнер во текот на целиот живот. Преостанатите три четвртини сакаат да експериментираат. Само 7% од мажите би сакале да имаат само една партнерка во текот на целиот живот.

6. Секој трет сексуален однос се одвива во мисионерска поза, втора најпопуларна поза во сексот е кучешкиот стил, а трета е позата „лажичка“ (легнати на страна со мажот одзади).

7. Мирисот е важен во сексот за жените. Според истражувањето на Универзитетот Станфорд, жените најмногу сакаат мирис на чоколадо, ванила, тазе кифлички и краставица.

8. Фамозната Г-точка е збир на нервни завршетоци и се наоѓа на предниот ѕид од вагината, приближно на средина од нејзината должина. Кога се стимулира оваа зона, жените чувствуваат нешто како силно скокоткање. Но вистината е дека не ѝ се допаѓа ова чувство на секоја жена.

9. Најголема сексуална желба жените чувствуваат на 9-от до 14-от од менструацијата. Во тој момент хормоните достигнуваат најголема концентрација.

10. Испробувањето чевли ги возбудува жените. Изгледа дека стимулирањето на ножните палци има врска со тоа, бидејќи тука се наоѓаат точки кои се одговорни за проток на крвта во гениталиите.

11. Жените ги возбудуваат нежни, внимателни допири. Доволно е да ги помилувате со прстите, нежно допирајќи ја кожата на нивните раце и нозе и тие ќе се возбудат.

12. Женските гради можат да се зголемат за 25% во текот на сексот и тоа поради протокот на крвта во текот на односот.

14. Секоја дваесетта жена може да доживее напад на вагинизам, што подразбира вклештување на машкиот полов орган во текот на односот внатре во вагината. Во тие ситуации, треба да се опуштите и грчот ќе попушти.

15. Мадона кажала дека сексот се случува во главата. И не само таа! Главниот центар за возбудување се наоѓа во мозокот. Па така, некои мажи можат да доживеат оргазам само со еден бакнеж. Важно е тој бакнеж да биде со жената што ја сакаат.

3 прашања за луѓе кои сметаат дека немаат доволно секс
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.