Нови трендови на љубовната сцена: Бидете искрени за своите чувства

Што е ново на полето на состаноците?

Фото: Getty Images

Кратките врски и запознавањата во клубови ги оставивме во зимата што измина! Напролет ни доаѓаат многу позитивни промени на сцената на љубовни состаноци поради кои емотивните врски ќе станат постабилни и поцврсти:

Економични средби – Оваа година нема потреба да издвојувате цело богатство за првото рандеву. Сè повеќе сингл поединци претпочитаат топло капучино и прошетка во парк, бидејќи така се чувствуваат поопуштено и подобро можат да се запознаат.

Направете го првиот чекор – Сè повеќе жени преземаат иницијатива и први им се јавуваат на мажите. Според истражувањата, разговорите започнати од страна на жена подолго траат. Па, само напред!

Трезните рандевуа се пожелни – Не се претпочитаат први состаноци што вклучуваат алкохолни пијалаци. Во тренд се заеднички активности преку кои ќе можете вистински да се поврзете.

Во ред е да покажете емоции – Отвореноста во врските е привлечна. Бидете искрени во врска со вашите чувства.

Подготвила: Марија Лукаревска

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.