На овие места луѓето најмногу изневеруваат  

Сопственик на приватна детективска агенција откри на кои места најмногу изневеруваат партнерите…
Факт е дека изневерувањето во врските се случува. Дали ќе бидат откриени зависи од вештината на партнерот кој изневерува. Судејќи според филмовите, аферите најмногу се одвиваат во хотели, затскриени и тајни места. Но, дали е навистина така?

Според Лука Атнес, кој раководи со приватна детективска агенција, местата каде што се случуваат измами не се воопшто романтични, а имагинацијата доаѓа до израз во голема мера. Како што кажа и самиот, низ својата 21-годишна кариера сфатил дека креативноста и изборот на чудни места и до ден денес го восхитуваат.

Ова се некои од најчестите локации каде луѓето изневеруваат, според овој сопственик на приватна детективска агенција:

1. Шума

„Знам дека звучи како малку бизарно сценарио за филм, но тоа навистина се случува. Да речеме неодамна следевме господин кој трчаше секое утро и по неколку километри ќе сретне жена и ќе продолжија да трчаат заедно. По кратко време заедно трчајќи дојдоа во област со многу дрвја и грмушки и останаа таму 20 минути пред да продолжат да трчаат и да се вратат дома. А откако поставивме неколку скриени камери во грмушките, имавме и цврсти докази за потврда нашите сомнежи“, откри Лука една од приказните.

2. Паркинг

Како што објасни, паркингот е едно од најчестите места каде што луѓето вршат неверство. „Знаевме дека имаме случаи кога луѓето мамат на паркинг во луди услови, како што е еден случај кога ги фативме на дело, во текот на летото, на 40 степени“, објасни тој.

3. Јавни тоалети

„За разлика од многу други локации кои секој може да ги користи, факт е дека јавните тоалети се места кои нудат прилично високо ниво на приватност. А неверството како ова е потешко да се докаже, бидејќи нема ништо чудно во тоа да одите во тоалет и да останете таму, така што алиби полесно се гради“, истакна Лука.

4. Кино

„Затемнетиот простор во кој сите присутни се фокусирани на екранот секако е во корист на неверниците. Филмовите можат да послужат и како одлично алиби, бидејќи е можно да се сретне личноста со која има афера во самата сала, откако филмот ќе почне да се емитува. А седењето во темна просторија значи да се обезбеди можност секоја таква акција да помине невидена, како и секој звук што го правите“, заклучи тој.

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.