Знаци во врска и брак кои не треба да ги игнорирате

Љубовта е непредвидлива, сепак има некои упатства од кои не е добро да се отстапи ако сакате долготрајна, здрава љубовна врска или брак. Постојат знаци кои треба да се препознаат навреме за да можат проблемите да се решат однапред.

Терапевтката за врски, Аими Хартштајн, вели дека сите прават грешки на кои треба да се работи. Но, за некои треба да се биде претпазлив затоа што нема многу да се промени без самосвест и посветеност.

Недостаток на решавање на конфликти

Способноста да се има добра дискусија е важна за одржливоста на врската. Од друга страна, ако никогаш не се расправате, тоа исто така не е добро. Клучно е да знаете како да ги решавате проблемите на искрен начин, слушајќи се еден со друг за да не се повторат. Ќе ви биде тешко да дојдете до решение ако еден од партнерите упорно бара да биде во право и да не слуша друго мислење, како што истакнува експертот за односи Сузан Винтер.

Критиката и понижувачкиот говор се вашата дневна рутина

Ако вашиот партнер ви се обраќа со критички тон или ве омаловажува – ова е знак што не смеете да го игнорирате бидејќи не доведува до ништо добро, напротив, создава нездраво партнерство и атмосфера.

Нарушена доверба и љубомора

Довербата е најважната работа во врската. Ако сметате дека довербата е разнишана, не заборавајте да размислите како ќе биде во иднина и дали можете да ѝ верувате на таквата личност. Исто така, љубомората и посесивноста се индикации за лоши односи и проблеми што ги има едно лице со себе. Освен што не се здрави, тие не носат ништо добро.

Дали или не ја прекинувате врската или работите за да ја поправите поради овие знаци, на крај зависи од вас. Најважно е да го сторите тоа на начин на кој ќе се чувствувате смирено, среќно и исполнето.

Прочитајте и: Првото што го гледате на сликата открива што ви е приоритет во љубовта

 

ФОТО: Pexels

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.