Знак што покажува дека сте во среќна врска

Фото: Pexels

Луѓето во сериозна врска се навикнати да споделуваат сè – или скоро сè. Додека повеќето парови немаат проблем со споделување храна, бањи и сметки, со споделување на најинтимни мисли многу се повоздржани.

Студијата објавена во „The Journal of Sex Research” покажа дека можноста да разговарате со вашиот партнер целосно искрено за апсолутно сè, кажува многу за квалитетот на врската.

Во истражувањето биле вклучени парови кои биле во врска најмалку две и пол години. Испитаниците требаше да откријат колку добра комуникација имаат со партнерот, за што сè зборуваат со партнерот и дали се подготвени да разговараат за помалку пријатни теми.

Истражувачите заклучиле дека паровите кои ги откриваат своите најинтимни мисли на партнерот, биле најсреќни во врските, најмногу задоволни од сексуалниот живот и сметаат дека имаат силна и стабилна врска. За некои, целосната искреност во врската е задолжителна, но во многу љубовни врски има ситни лаги што некои дури сметаат дека се пожелни.

На пример, вообичаено е мислењето дека некои вистини треба да се чуваат во тајност од партнерот, или да се „разубавуваат“, како што е бројот на претходните партнери или колку пари потрошивме на нови чевли.

Сепак, дури и со такви навидум банални работи, најдобро е да се биде искрен, бидејќи апсолутната искреност се чини дека води кон среќна и долгорочна врска.

Прочитајте и: Смирување со бившиот: Како е тоа погрешно, а кога е правилно?

 

ФОТО: Pexels

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.