Жените ѝ плаќаат по 1.700 евра за да дознаат дали мажите им се верни: Речиси сите паѓаат на ТЕСТОТ!

Резултатите се поразителни

Каролина Лекер работи како љубовен детектив и ја тестира верноста на мажите, за што ѝ плаќаат огромни суми

Неверството не познава пол, бидејќи еднакво изневеруваат и мажите и жените. Сепак, жените велат дека мажите се посклони на изневерување, а за да го уловат својот партнер на дело, прибегнуваат кон многу неконвенционални методи.

Каролина Лекер е плејбој-модел, а со пријателките се обложила дека може да ги тестира нивните врски со партнерите.

Иако тој облог произлегол од шега, тоа станало нејзина работа, благодарение на која заработува и до 1.700 евра од случај.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by CAROLINA LEKKER 🐅 (@carollekker_)

Имено, Каролина работи така што отвора случај и ги собира потребните податоци, а тоа се телефонскиот број на мажот што го проверува и неговиот инстаграм-профил. Жени ширум светот ја контактираат за да ја проверат верноста на своите партнери.

Хонорар добива само доколку флертот вроди со плод, односно ако успее да договори време и место на средба. Но доколку мажот ја одбие средбата, таа не зема пари и тука завршува сè.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by CAROLINA LEKKER 🐅 (@carollekker_)

Можете ли да погодите како завршуваат повеќето од случаите?

Да, таа најчесто ги заработува своите пари, а генерално ги вложува во себе и во естетски операции.

„Немам многу искуство со позитивни резултати. Ако мажот заземе добра позиција и прв прозбори за својата врска, не треба да се продолжува со планот, бидејќи искреноста е знак дека изневерувањето не го интересира“, објаснила таа.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by CAROLINA LEKKER 🐅 (@carollekker_)


Иако најпрво не ѝ се допаѓало тоа што треба да заработува на туѓата несреќа, сфатила дека на жените, всушност, ќе им помогне ако ја дознаат вистината за своите партнери.

„На почетокот се плашев, бидејќи со една порака веќе влегував во животот на комплетно непозната личност… Не би кажала дека тоа е директно неверство, бидејќи јас со нив немам никаков физички контакт. Во некои случаи, жените веќе бараат причина за раскинување, но ги немаат доказите што им се потребни. Верувам дека длабоко во себе сите сакаме да знаеме дали нашите партнери се доволно силни за да се соочат со искушенијата што можат да им се појават во секој момент“, вели оваа убавица.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by CAROLINA LEKKER 🐅 (@carollekker_)


Малите лаги често укажуваат на прељубник: на пример, измамникот секогаш ќе каже дека е соло, дека не се гледа со никого и ќе биде достапен. Ако сака да се запознава и поврзува со нови луѓе, обично сака и да изневерува, објаснила таа.

„Имам посебен начин на кој разговарам со секој клиент, бидејќи сум во постојан контакт со неговата жена или девојка и тоа ми ги обезбедува сите потребни информации за да го збунам и тестирам“, заклучува Каролина за крај.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by CAROLINA LEKKER 🐅 (@carollekker_)


Дали вие би го тестирале партнерот на овој начин?

„Советувам да му го простите неверството на сопругот само во еден случај“: Познат психотерапевт за изневерувањата во бракот
Прочитајте и

Коментарите се заклучени.