Заедно се 18 години, но не им ни паѓа на памет да се венчаат: Бо Дерек прозборила за својата врска со Џон Корбет!

Која е нивната тајна?

Еден од најдолговечните парови во Холивуд

Иако се заедно речиси две децении, актерскиот пар Бо Дерек и Џон Корбет немаат во план да запловат во брачни води, ниту тоа некогаш им била целта. Исто така, не се каат што никогаш заедно немале деца. За сето тоа сега проговорила 63-годишната актерка во едно интервју за Fox News.

„Кога си млад и ќе го запознаеш човекот на твојот живот, тогаш почнуваш да размислуваш за основање семејство, за родителство. Сигурна сум дека тоа е многу возбудливо и исклучително важно за секој пар. Меѓутоа, Џон и јас едноставно никогаш не сме оделе во тој правец“, рекла Дерек, па продолжила:

„Нашиот почеток беше исклучително неочекуван, тоа беше чиста забава, а се претвори во нешто многу значајно и сериозно. Тој ме прави среќна, ме засмејува. Полн е со радост и живот. Веднаш останав воодушевена од неговата енергија и привлечен изглед, а и денес сум. Одиме ден по ден и ништо не планираме однапред, а погледнете до каде стигнавме.“

Атрактивниот актер кој на многумина им е познат по својата улога во „Сексот и градот“, и претходно зборувал за љубовта и тајната на успехот на неговата врска со Бо.

„Мојот совет е: никогаш немојте да се венчате. Имам многу пријатели што се разведоа. Едноставно тој чин или хартија, внесуваат некаков немир. Нема некоја посебна тајна како да се успее, едноставно мора да уживате со личноста со која сте во врска“, рекол 59-годишниот Корбет.

Згодната русокоса која во 80-те била секс-симбол, а се прославила со улогата во филмот „Десетка“, четири години помладиот партнер го запознала во 2002. Тоа било три години откако останала без сопругот Џон Дерек, кој починал од срцева маана. На само 16 години се вљубила во 30 години повозрасен маж, во тоа време оженетиот Џон Дерек, а тој поради неа ја оставил сопругата, актерката Линда Еванс, која многумина ја помнат по улогата на Крисл Карингтон од хит-серијата „Династија“.

Се венчале во 1976 година, кога имала само 19 години. Во брак поминале долги 22 години, сè до неговата смрт.

„Беше исклучително тешко, не можам да опишам како е тоа да останеш без партнер. Мислев дека нема да можам никогаш повеќе да сакам некого. Некои жени тоа го преболуваат, па веднаш влегуваат во нова љубовна авантура, но јас не можев. Ми требаше некое време да си дојдам при себе, а новата љубов ми се појави кога не ја ни барав“, рекла Дерек.

Нов пар во Холивуд: „Поминав цела вечност чекајќи повторно да те најдам!“
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.