Зад совршената фасада се крие брак полн со љубомора и караници: Откриени се детали за љубовниот живот на убавата актерка!

Неверојатно!

Животот не е и не може да биде бајка, макар припаѓал и на најубавата холивудска актерка

Џесика Алба е една од најголемите природни убавици во Холивуд која со години изгледа како да не остарела ни ден. Но она за кое не се зборува многу е нејзиниот љубовен живот, кој секогаш е надвор од светлата на рефлекторите.

Нејзиното срце веќе со години му припаѓа само на еден маж, сопругот Кеш Ворен, со кого добила три девојчиња. Но нивната љубовна приказна со себе носи и многу интересно минато.

Имено, тие се запознале уште во далечната 2004 година на снимањето на филмот Fantastic Tour.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Jessica Alba (@jessicaalba) on

„Веднаш штом го запознав, ѝ се јавив на другарка ми и ѝ кажав дека запознав маж кој ми остави впечаток дека го знам цел живот и дека сакам да го запознавам цел живот“, открила за интервју во „Космополитен“ во 2010.

Но во тоа време актерката се гледала со друг маж, па Кеш и таа продолжиле да градат пријателство. Но работите со текот на времето се наместиле и тие станале пар. Тогаш започнале и првите проблеми. Кеш веднаш почнал да форсира да се венчаат и бил неверојатно љубоморен, па актерката го оставила во јуни 2007 по три години врска.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Jessica Alba (@jessicaalba) on

„Кеш постојано ја обвинуваше дека флертува со други мажи. Дури и неговите пријатели му велеа да се прибере, но на неа ѝ се прелеа чашата“, открил извор близок на парот во 2007.

Но веќе во декември станало познато дека актерката го носи нивното прво дете. Парот и понатаму продолжил да се расправа за време на нејзината бременост, а таа признала дека во тој период дури два пати го избркала од дома.

„Ме праша: ‘Дали ова се случува затоа што си бремена? Се надевам дека затоа се однесуваш олку лудо’. ‘Тоа нема никаква врска’, му кажав“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Jessica Alba (@jessicaalba) on


Но тие ги решиле своите проблеми и се венчале еден месец пред да се роди нивната прва ќерка. Венчавката била одржана во строга тајност, а немало гости, туку биле само младенците.

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.