За таа да продолжи да ја гради кариерата, нејзиниот сопруг се откажал од својата: „Се откажа од глумата и сега го чува нашето дете“

Голема жртва

Актерката Ејми Адамс и Дарен Ле Гало важат за една од најскладните холивудски двојки

Бракот на познатата актерка Ејми Адамс и Дарен Ле Гало претставува чист пример за вистинска и безусловна љубов.

Холивудската двојка се запознала на часови по глума што и двајцата ги посетувале. Иако Ејми и Дарен на почетокот биле само пријатели, искрите помеѓу нив можеле да се почувствуваат уште на прв поглед. По една година непрекинато дружење на снимањата, нивното пријателство прераснало во една прекрасна љубовна приказна.

Иако и двајцата биле во врска, не можеле да ги игнорираат чувствата што ги имале еден кон друг.

„Во тоа време јас имав сериозен дечко, а Дарен се гледаше со една девојка. Кога и да го видев Дарен на сетот, си помислував дека е многу сладок“, изјавила Ејми и смеејќи се додала:

„Дарен беше тој што го направи првиот чекор. Ми кажа дека знае дека веќе ми има досадено, но дека мора да ме изведе на рандеву во среда.“

Како што романсата на Ејми и Дарен се развивала, така и кариерата на Ејми се движела по нагорна линија. И покрај работните ангажмани, Адамс и Ле Гало имале време за да се вљубат лудо еден во друг, да се свршат и да добијат ќерка Авијана Оле Ле Гало, која се родила во мај 2010 година.

Иако и двајцата имале успешна актерска кариера, Ејми тврди дека помеѓу неа и сопругот никогаш немало натпреварувачки дух.

„Тој воопшто не се натпреварува со мене. Дарен е прекрасен човек кој поседува исклучителен талент за глума. Ретки се оние што се радуваат на туѓата среќа, а Дарен е токму таков, му се радува на секој мој професионален успех“, изјавила Ејми.

Доказ за тоа е постапката на Дарен што воодушевила многумина, особено неговата сопруга. Имено, актерот решил да ја жртвува својата кариера само за да ѝ биде што поголема поддршка на Ејми.

„Се откажа од многу работи. Но го ценам тоа што постојано патува со мене и ми помага да го одржиме семејството во целина, не е само прекрасен како маж, туку и како човек.

Ниту еден филмски проект не е поголем и поважен од моето семејство“, изјавила Ејми.

Камерон Дијаз се откажа од филмската кариера заради љубов
Прочитајте и

Коментарите се заклучени.