Во што спие вашето момче? Тоа открива нешто за неговиот карактер

Според психологот Саманта Родман, она во што спие мажот открива каков е неговиот карактер. Проверете подолу за да видите дали описот одговара на вашето момче.

Пижами

Удобноста е најважната работа за вашето момче, и тој е многу сигурна личност на која секогаш можете да се потпрете. Мажите кои спијат во пижами најчесто се приврзани за своите партнерки, негуваат семејни односи и многу, многу уживаат во мазење, вели психологот Родман. Ќе се чувствувате безбедно и посебно во неговата прегратка, но најверојатно нема да имате луд и незаборавен секс. Да, тој е срамежлив!

Боксерки

Оваа категорија дефинитивно вклучува најголем број на мажи од многу едноставна причина – тоа е наједноставното решение за нив да спијат. Но, тоа исто така кажува многу за нивниот карактер. Имено, според Саманта Родман, овие мажи се многу едноставни, сакаат спорт, се дружат со пријателите и секогаш се подготвени за акција. Тие често се сигурни во љубовта, а во бракот се добри сопрузи и татковци и со нив може да сметате на материјална сигурност.

Ништо

Спиењето без ништо укажува на исклучително секси маж желен за акција и адреналин. Ако некое момче спие голо, најверојатно ќе обожава патувања и нови животни искуства, а истото важи и за жените. Тој е луд по едновечерните врски, убавите жени и добриот секс, вели психологот Родман. Сепак, одлична вест е дека и овие мажи можат да сакаат и да се вљубуваат, но ретко се посветуваат само на една жена. Околината често ги доживува како ексцентрична личност.

Прочитајте и: Сексуален терапевт го откри најчестиот проблем што го имаат паровите во кревет

 

ФОТО: Getty Images

 

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.