Внимавајте: Фејсбук може да биде убиецот на вашата љубовна врска!

Социјалните мрежи лесно ги спојуваат луѓето, но исто така можат и лесно да ги раздвојат.

Секојдневно слушаме многу примери за тоа како луѓе се запознаваат преку Фејсбук и се вљубуваат, социјалните мрежи станаа дури и места каде што се предлагаат бракови. Но сите тие лајкови, боцкања и коментари можат лесно да им наштетат на вашата врска или брак.

1. Будно следење на профилот – Кај секој заљубен човек има доза на љубомора, и тоа до некаде е нормално. Но социјалните мрежи се експерти за поттикнување на љубомората, па така луѓето се претвораат во будни стражари на профилите на своите партнери. Се следи секоја акција, секој коментар, возвраќање на коментар и секое ново пријателство. Никој не сака љубоморен партнер, секој сака да има слобода и простор да дише.

2. Безначајни лајкови – Лајковите на Фејсбук направија една огромна еуфорија, почна сè и сешто да се мери со лајкови, но не заборавајте дека тоа не е начинот на кој се мери вашата љубов. Ако вашиот партнер „лајкувал“ нешто, значи дека му се допаѓа тоа што е објавено, а не личноста која го објавила. Секој има право да го каже сопственото мислење, да „лајкне“ нешто што му се допаѓа, не кревајте паники веднаш, само оставате впечаток дека сте незрела личност која обраќа премногу внимание на споредни работи во животот. Но од друга страна, кога сте во врска, нема потреба да се „расфрлате“ со лајкови по други профили, особено ако станува збор за слики од згодни момци и девојки, па која е поентата?

3. Размена на лозинки – Кога вашата врска ќе стигне до тој степен да изгубите секаква доверба еден во друг, па да дојде и до размена на лозинки, знајте дека тоа не е начин да ги поправите работите кои ви тргнале надолу. Кажување на лозинките, заеднички профили и мејлови, не се знаци дека многу се сакате, туку напротив, дека не сте сигурни во себе. И покрај тоа што сте во врска, заслужувате да си имате свој живот и приватност.

 

4. Следење на разговори – Љубомората и опсесивноста не смеат да дојдат до ваков степен. Нема потреба да следите нечии разговори, исто како што и вие не би сакале некој да ве шпионира вас. Доколку го познавате добро човекот со кој сте во врска, значи дека му верувате и го сакате, нема потреба да следите нечии разговори, тоа само ќе ви доведе кавги и неслога, зашто кога-тогаш ќе се дознае.

5. „Средување“ на листата со пријатели – Да му забраните на вашиот партнер да комуницира со некого, само ќе ги влоши работите, и од тоа ништо добро не може да излезе. Напротив, кога на некого ќе му забраниш нешто и ќе му ја одземеш слободата, многу полесно можеш да го изгубиш. Што сте направиле ако ја избришавте згодната девојка од листата на негови пријатели? Зарем не можат да се видат во живо? Ако човекот е склон кон неверства, таков е секогаш и секаде, ништо не можете да решите или забраните преку Фејсбук.

6. Поставување песни и оставање коментари – Кавги во една врска, предизвикани поради Фејсбук, се и оние кога ќе се јави неслога поради постирање песни и оставање коментари. Однесувајте се зрело, ако подолго време не ви постирал песна на ѕид или не ви оставил некаков коментар, не значи дека повеќе не му значите ништо.

Извор: Кафепауза.мк

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.