Вистината за запознавањето на најпознатиот пар во светот: Доналд Трамп имал лукав план!

Заедно се веќе 20 години!

Меланија открила дека слушнала многу гласини за Доналд пред да го запознае

Меланија Трамп е во брак со претседателот на САД веќе 13 години. Пред да одлучат да „рипнат во тавче“, тие биле во врска 7 години.

Меланија и нејзиниот 24-гоини постар сопруг Доналд Трамп моментално се еден од најпознатите парови на светот. Тие се заедно веќе 20 години.

Во 1998 година, кога се запознале, Доналд веднаш ја забележал манекенката. Побарал да се запознае со неа и ја бркал цела вечер, обидувајќи се да го добие нејзиниот број. Меѓутоа, нивната романса не одела како подмачкано, бидејќи Меланија таа вечер го обвинила идниот сопруг дека се служи со лукавство.

Во едно интервју, парот открил детали од таа прослава и нивното запознавање. Говорејќи отворено за својата сопруга, Доналд признал:

„Ја видов Меланија и прашав која е. Таа беше многу успешна манекенка. Беше неверојатна. Се обидов да го добијам нејзиниот број, но таа не сакаше да ми го даде.“

Меланија открила дека дотогаш чула многу гласини за идниот претседател пред да го запознае.

„Слушнав дека е женкар, така што му кажав дека не сум една од тие дами“, изјавила Меланија.

Излегло дека Доналд таа вечер бил на љубовен состанок со друга жена, но направил лукав план за да се ослободи од неа и да може да поразговара со Меланија. Меланија открила како дознала за тоа:

„Подоцна ми кажа дека ја испратил во тоалет за да може да го добие мојот број. Тогаш помислив дека тоа е многу лукав план!“

Првата дама не сакала да му го даде бројот на Доналд и таа го побарала неговиот број, за да може самата таа да одлучи дали ќе му се јави или не. Признала дека Доналд таа вечер и’ дал сите негови броеви, со надеж дека ќе му се јави што порано.

На крајот сепак му се јавила.

Неколку недели подоцна почнале да се гледаат, а во 2005 година стапиле во брак. По една година го добиле синот Барон. На Меланија тоа и’ било прво дете, а на Доналд петто.

Прочитајте и

Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Сакаш посебен третман?
Зачлени се во елитниот клуб. Регистрирај ја својата е-адреса и добивај специјални понуди и вести
Одјава е можна во секое време