„Вака дознав дека сопругата ме изневерува со мојот татко“: Таа чека близнаци со свекорот, а тој доживеал ШОК!

Одвратна афера

Исповедта на човекот кого сопругата го изневерувала со татко му ја шокира јавноста

Деклан Фулер (22) бил оженет со Стефани (22), со која имаат и двегодишна ќерка Вилоу, а нивната приказна ја заинтригира јавноста ширум светот. Имено, тој на неверојатен начин открил дека сопругата го изневерува со неговиот татко, по што му се срушил целиот свет.

Велшкиот сопруг открил дека ја начекал сопругата како има секс со неговиот татко на беби-мониторот на неговото дете. Минатиот септември, брачната двојка му дозволила на татко му на Деклан, 44-годишниот Дарен, да се пресели во нивниот дом во Велика Британија, каде што се случила наведената афера.

„Тоа е болно – како можеше татко ми да ми го направи тоа?“, се прашувал избезумениот Деклан.

Деклан тврди дека бил на работа на денот на неверството на неговата сопруга и одлучил да го провери беби-мониторот на Вилоу преку својот паметен телефон. На снимката видел како Стефани влегува во спалната соба со својот свекор, за да ѝ се препушти на попладневната забава. Деклан вели дека тоа комплетно го избезумило и дека едвај го исконтролирал гневот.

„Да не си дојдев при себе, не знам што ќе му направев на татко ми.“

Кога се соочиле со инкриминирачките докази, Стефани и Дарен негирале дека направиле нешто лошо. Наместо тоа, тврделе дека биле во спалната соба за да гледаат „Симпсонови“ заедно. Деклан не поверувал во тоа објаснување и веднаш прекинал со сопругата, а таа, пак, веднаш започнала романса со поранешниот свекор.

„Не го изневерив Деклан“, инсистирала Стефани.

„Јас и Дарен се споивме една недела откако Деклан ме остави“.

За да биде уште побизарно, Стефани сега е бремена со близнаци, чиј татко е нејзиниот поранешен свекор.

„Жал ми е за тие деца, ќе бидат дел од многу измешано семејство“, изјавил предадениот Деклан, напоменувајќи дека Вилоу ќе им биде и полусестра и внука на близнаците кои ќе се родат наскоро.

Брутално искрена исповед на еден скопјанец: „Сексот со друга не е изневерување, неверството почнува кога ќе се случи ОВА!“
Прочитајте и

Коментарите се заклучени.