Тоа не било љубов на прв поглед, но затоа е љубов за цел живот: Како се вљубиле Пенелопе Круз и Хавиер Бардем!

Љубов за цел живот

Требало да поминат речиси 15 години од првата средба до започнувањето на врската

Пенелопе и Хавиер Бардем го кријат својот приватен живот од очите на јавноста. Во едно од ретките интервјуа што го дал на оваа тема, Хавиер открил како започнала нивната љубовна приказна која трае веќе 12 години.

Приказната започнала од познатиот филм „Шунка, шунка“ на Бигас Луна од 1992 година, кога Пенелопе и Хавиер првпат се сретнале.

Дали имаше хемија? Секако! Доволно е да го погледнете филмот, тоа е документ за таа хемија, остварување што ќе им го покажеме на децата и внуците. Привлечноста постоеше уште од старт, но таа беше малолетна. Имаше само 16 години кога снимавме, а јас 21, па ништо не можеше ни да се случи. Беше многу храбро од нејзините родители тоа што ѝ дозволија на толку млади години да сними еден многу провокативен филм полн со експлицитни сцени. Кога ќерка ми мене би ми донела такво сценарио на таа возраст, нема пари поради кои би ѝ дозволил да го снима тој филм. Нема шанси.“

Хавиер и Пенелопе никогаш повеќе не соработувале на некој филм, но останале во контакт и повремено се гледале на престижни доделувања филмски награди.

Така било до 2007 година кога на снимање ги споил Вуди Ален со неговиот филм „Вики Кристина Барселона“.

Да, повторно работевме заедно и повторно хемијата беше повеќе од очигледна, но ништо не се случуваше. Не знам дали тоа беше така од некоја срамежливост да се направи првиот чекор или од желбата да бидеме максимално професионални. Во секој случај, ништо не се случи и дојде последниот ден од снимањето, кога ми помина низ глава: Ние мора да се напиеме! За среќа, заеднички пријател приреди забава и другото е историја. Фала му на бога!“

На прашањето колку е Круз слична на ликот што го игра во филмот на Ален, тој одговара:

Ох, човече! Многу! Го има тој огнен темперамент. Има сцени во кои се караме и таа ме гаѓа со чинии. Имаше моменти кога сум се запрашувал дали ми треба тоа. Но таа е таква, страсна и поради тоа ја сакам, поради тоа ме привлече од старт. Таа не е само убава, туку е и најсексапилната жена на светот.“

Важи за една од најубавите жени на светот: Има 47 години, не користи ботокс, се венчала во тајност, а врската ја криела 3 години!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.