Сте наполниле 40 години: Дали сега е вистинското време да ги спуштите критериумите?

Кога е вистинското време?

Често се среќава идејата дека жените постари од 30, 40, 50 или 100 години треба под итно да ги спуштат критериумите

Прекрасна средовечна жена вози автомобил. До неа седи здодевен човек на слична возраст. Разговараат. Жената пристојно одговара, но не нејзиното лице нема знаци на флертување.

„Колку години имаш?“, прашува тој.

„Четириесет.“

„Хм…“

„Што значи тоа?“

„Малку си постара. Време е малку да ги спуштиш критериумите, нема да имаш други шанси…“

Време е да ги спуштиш критериумите, си наполнила четириесет!

Често се среќава идејата дека жените постари од 30, 40, 50 или 100 години треба под итно да ги спуштат критериумите. Тоа најчесто произлегува од мажите. Тоа е разбирливо, бидејќи и тие исто така поминуваат низ истата пречка.

Обично се водат ваквите дијалози кога ќе се споменат годините на жената. Како во гореспоменатиот дијалог.

Со годините, најверојатно би требало да ги спуштите критериумите во однос на мажите, но зошто?

Зошто да пуштите во животот некој што не го сакате, не го посакувате, кој не ви буди пеперутки во стомакот?

По правило, зрелата жена веќе стои цврсто на земја со двете нозе: има проверен број добри пријатели, работа, деца. Зошто и’ се потребни дополнителни непријатности?

Младите жени честопати трпат покрај себе помалку успешен маж, бидејќи изгледа е време да се омажат, часовникот им отчукува, никогаш нема да најдат подобар, па нека биде што биде.

Или се принудени да ги спуштат критериумите поради децата и никогаш не можат да се реализираат на професионален план. Или имаат сопствени комплекси…

Зрелата жена ги нема овие проблеми, бидејќи најчесто веќе ги решила. Толку многу работи поднесувала на млади години, што сега навистина е тажно некој да ја принудува да се ограничува себеси во срелите години.

Од каде потекнува ова мислење дека жените по одредено време стануваат помалку вредни?

Кога жената ќе го премине тој фамозен праг на староста и ќе влезе во четириесеттите, обично знае да разликува маж од измамник, па зошто самата да си создаде проблеми?

Таа бара паметен, способен, страстен маж, зар треба да се помири со некое просечно лигле?

Меѓутоа, тешко е да се најде добар и вреден маж и секоја жена тоа добро го знае. Поради тоа, таа никогаш нема да го погледне паунот и неговиот шарен опаш, бидејќи добра знае зад тоа најчесто се крие обично пиле.

И никој не смее да и’ каже дека треба да ги спушти критериумите само затоа што има четириесетина години!

loading...
Прочитајте и

Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Сакаш посебен третман?
Зачлени се во елитниот клуб. Регистрирај ја својата е-адреса и добивај специјални понуди и вести
Одјава е можна во секое време