Сопругот ѝ одржал лекција: „Верувајте ми, одамна никој ништо попаметно не ми кажал!“

Партнерски односи

„Ми требаа неколку минути да сфатам колку е во право…“

Прочитајте ја приказната на оваа жена за бракот и партнерските односи, па размислете дали нејзиниот сопруг бил во право за тоа што ѝ го кажал…

Не бевме во „цутот на младоста“ кога се венчавме: тој имаше 42 години, а јас 36 години.

И двајцата бевме самосвесни, еманципирани луѓе кои имаат став за животот.

На почетокот од бракот бев еуфорична, а потоа незабележливо, премногу се занесов во новиот статус и во уредувањето на семејното гнездо. Почнав да правам една по друга глупост…

Се откажав од аеробик и од курс по англиски јазик, а сето тоа за да печам мафини, да чистам килими, да рибам тоалети… Шиев покривачи, ги собирав најдобрите рецепти за слава, ги пеглав чаршавите од двете страни… Го совладал декупажот и правењето фондан. Изгубив килограми, го изгубив темпераментот. Во обидот да бидам најдобрата љубовница и сопруга, себе си го припишав статусот на жртва.

Се сеќавам на тој ден. Беше сабота во ноември, почна да врне. Сѐ беше сиво надвор, морав да запалам светло во кујната.

Тој седеше во трпезаријата и пиеше млеко гледајќи ме гневно. Јас сечкав сирење, ладно телешко и домати. Три пати ми кажа дека само ќе го испие млекото и дека нема потреба да му правам сендвич. Бидејќи и понатаму „трубев“ за тоа дека му треба сендвич, тој скокна, ми го зеде ножот од раката и го фрли во лабавото.

„Слушај, не мора да ме служиш. Секоја вечер приготвуваш вечера од три јадења, ја стерилизираш тоалетната школка, ја рибаш бањата… Не сме си робови еден на друг, а јас не сум ни целиот твој живот, туку само дел од него. За среќа, се сретнавме и се вљубивме, најдовме заеднички јазик. Се средивме, најдовме место каде што ни е добро заедно. Остана само твојот живот. Затоа, немој моите интереси да ги ставаш во прв план!

Нема потреба да бидеш подобра или полоша, само остани своја. Таа што ја сакам најмногу на светот. Полна со ентузијазам и желба за живот.

А месециве само гледаш во мене и се претвораш во сенка.“

Ја фрли чашата во лабавото и отиде на тренинг. Останав без текст, буквално со подзината уста. Се обидов да го „сварам“ тоа што беше штотуку кажано.

Ги проголтав солзите, го фрлив лебот за сендвич и ѝ се јавив на професорката по англиски јазик. Ја отворив тетратката и повторно почнав да пишувам…

Од тој момент не сум домаќинка, мајстор за декупаж, одлична готвачка… Не служам и не се обидувам да угодам, не му докажувам никому ништо. Оттогаш сум само јас и среќна сум. А изгледа и тој е среќен.

Жената во брак мора засекогаш да заборави на овие 7 работи!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.