Сопругот на Никол Кидман открил интимни детали: „Таа е манијак во кревет“

Актерката била воодушевена од песната

Римата излегла сосема случајно, стихот бил забележан, а подоцна станал и дел од песната

Австралискиот музичар и текстописец Кит Урбан јавно пред сите ја нарекол својата сопруга  Никол Кидман „манијак во кревет“!

Имено, по 13 години брак, Кит одлучил да и’ посвети песна на славната актерка, која го носи името „Близнаци“, според хороскопскиот знак во кој е родена Никол.

Интересно е тоа како настанале стиховите за песната. Кога една соработничка побарала од музичарот да ја опише Никол, тој рекол дека актерката е „манијак во кревет, но мудрица во глава“. Римата „maniac in bed, brainiac in bed“ испаднала сосем случајно, стихот бил забележан и подоцна станал дел од песната.

„На мојата сопруга баш и’ се допадна песната“, признал Кит Урбан во едно интервју.

Многу жени коментирале на социјалните мрежи и се прашувале дали музичарот ја преминал границата со тоа што ја открил нивната интима, но тоа воопшто не и’ пречи на Никол.

Всушност, таа никогаш не ни криела дека сака да експериментира во кревет.

„Во животот имам истражувано разни видови љубов. Ја истражував опсесијата, необичните секс-фетиши, но и духовниот аспект на бракот и моногамијата. Се’ уште сум на тоа патување“, изјавила Никол во 2009 година.

Никол Кидман и Кит Урбан се венчале во 2006 година. Имаат две ќерка, Сандеј Роуз (10) и Фејт Маргарет (8). Актерката од првиот брак со колегата Том Круз имаат и ќерка Изабела и син Конор.

Иако има четири деца, Никол јавно признала дека и’ е жал што не го запознала Урбан додека била во дваесеттите години, бидејќи во тој случај, досега би можеле да имаат десетина деца.

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.