Сопругата на Меси цврсто стои на земја и покрај богатството: Дали Антонела е најзгодната сопруга на фудбалер?

Љубов посилна од сè

Жешките летни денови парот ги поминува во Шпанија

Фудбалерите Лајонел Меси и Луис Суарез моментално се на годишен одмор со сопругите и децата. За дестинација ја одбрале шпанската Форментера, но целото внимание го украла прекрасната сопруга на Меси, Антонела Рокузо.

Антонела оправдано се смета за една од најубавите сопруги на фудбалери, а нејзината линија сите ги воодушевила откако фотографиите од јахтата го заобиколиле светот.

Антонела може да се пофали со манекенска линија и покрај трите деца!

https://www.instagram.com/p/CC0ygToJzTj/?utm_source=ig_embed

Антонела го запознала Меси кога имале само пет години, бидејќи убавицата е братучетка на негов пријател од детството, фудбалерот Лукас Скаглија. Сепак, парот се венчал на луксузна церемонија дури во 2017 година, по повеќе од десет години врска.

Имено, иако се познавале уште од најрано детство, животните патишта им се раздвоиле, а потоа повторно се споиле во 2007 година, кога започнале врска. Истата година Антонела останала без својот близок пријател, кој загинал во сообраќајна несреќа, а Лајонел прелетал преку пола свет за да дојде до Аргентина и да биде покрај неа.

https://www.instagram.com/p/CDHoS9PpbE8/?utm_source=ig_embed

Денес, имаат тројца синови, а и самата Антонела собрала речиси 13 милиони обожаватели на Инстаграм.

Сепак, за парот се врзал еден мал скандал, кога Меси бил во Барселона и кога Антонела се загледала во друг, но брзо ги раскинала сите врски со него и го обновила односот со фудбалерот кога тој се вратил во родната земја, а нивниот однос оттогаш е сè посилен со текот на годините.

„Таа ме остави мене, но ако ништо друго, барем не ме остави поради некоја будала, туку поради Меси“, изјавил тогаш мажот кој сепак не успеал да го раздели славниот пар.

Од асистентка за продажба во продавница на „Гучи“ до најубавата жена на светот за Кристиано Роналдо: Како се запознале Георгина и славниот фудбалер
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.