Сон на секоја жена: 7 особини на совршен маж!

Фото: Pexels

Секоја девојка има список со квалитетите што ги бара кај партнерот …

Што го прави совршен партнер? Можеби тоа е неговата смисла за хумор, совршено тело, диплома или финансиска состојба …

Ние ви донесуваме 7 општо прифатени пожелни црти на вистинско момче!

Тој е шармантен 

Кога шармантен маж ве гледа во очи, имате чувство дека сте во бајка … Дали сте сретнале човек чиј поглед ја врти главата и срцето почнува да чука брзо? Ако не сте, сигурно сонувате за него …

Тој е романтичен

Не 24 часа на ден, но кога ќе го стори тоа тогаш се однесува како да е главниот лик во љубовниот филм кој ја зема својата принцеза во раце и ја носи во неговиот замок. Букет цвеќе или убави зборови исто така се сметаат за одлични романтични потези. Ако тој е навистина заљубен во вас, нема да му биде тешко да ве извести дека сте совршена жена за него.

Тој е чувствителен 

Покажувањето чувства не значи истовремено слабост. Понекогаш дури значи дека мажот е силен и сигурен и на жената ќе ѝ се чини дека во него има апсолутно сè.

Тој нуди сигурност

Довербата е основа за врската. Жената сака маж на кој му верува и за чии постапки не мора да се грижи. Таквата врска може само да цвета.

Тој мириса добро 

Ова е фактор што ќе одговара на секоја дама, ако не знаевте дека добар парфем ќе ве стави на списокот на пожелни мажи.

Тој знае како да се однесува

Однесувањето на кавалер денес е ценето, затоа е пожелно маж да ја отвори вратата, да понуди стол и да знае да каже „Благодарам“ и „Те молам“.

Тој е забавен и спонтан

Маж со овие квалитети е сон на секоја жена … Спонтано патување, танц во продавница и неколку шеги … Хуморот понекогаш служи како спас во врската.

Прочитајте и: НАЈЛОШИТЕ љубовници се родени во овој хороскопски знак

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.