Со страсен бакнеж ја потврдиле врската: Манекенката и актерката конечно признале дека се заедно! (ВИДЕО)

Објавила видео!

ФОТО: Printscreen Instagram

Славната манекенка Кара Делевињ потврдила дека е во врска со актерката Ешли Бенсон

Веќе една година се шушка дека Кара Делевињ и Ешли Бенсон, ѕвездата од серијата „Слатки мали лажливки“, се во врска, но тие не сакале ниту да го потврдат, ниту да го демантираат.

Меѓутоа, сега одлучиле да не се кријат повеќе, а откако на социјалните мрежи објавиле видео на кои страсно се бакнуваат, следела уште една потврда за врската.

https://www.instagram.com/p/Bytg7Khlo_t/?utm_source=ig_embed

Имено, Кара за време на примањето на една награда во Њујорк својот емотивен говор и’ го посветила токму на Ешли, а поводот за тоа била годишнината од нивната врска.

„Во оваа просторија има една посебна личност на која сакам да и’ се заблагодарам. Таа знае која е. Таа ми покажа што е вистинска љубов и како да ја прифатам, што беше потешко одошто мислев. Те сакам, Спринклс“, рекла Кара, откривајќи го и прекарот што и’ го доделила на својата избраничка.

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.