Славниот пејач е во врска со 44 години помлада жена: Луѓето се крстат кога ќе слушнат кои бизарни правила мора да ги почитува таа!

Неверојатно

Љубовниот живот на Мик Џегер е вистинска мистерија

Фронтменот на бендот Ролинг Стоунс, Мик Џегер (79), не е познат само по одличната музичка кариера и многубројните хитови, туку важи и за еден од најголемите заводници на светската јавна сцена. Меѓутоа, пред олтар успеале да го одведат само две жени.

Првата е денес 74-годишната актерка Бјанка, а другата е 63-годишната поранешна манекенка и топ-моделка Џери Хол, која моментално е во брак со 25 години постариот медиумски маг Руперт Мурдок.

На Џегер му успеа да ја заведе и 44 години помладата балерина Мелани Хемрик. Се запознале во 2014 година. Често се на удар на критики поради огромната разлика во годините, но тие не обрнуваат внимание на тоа.

Нивната врска не престанува да ја интригира јавноста, а фактот што не се појавуваат толку често заедно во јавност, им оди во прилог на интригите. Избраничката на Џегер, која има 35 години, е значително помлада од повеќето негови деца, а Мик е остварен и во улогата на прадедо.

Круна на љубовта меѓу Џегер и Мелани е нивниот син. Многумина беа изненадени од фактот што двојката ќе добиете дете, земајќи ги предвид неговите години.

„Сите мислат дека би требало да ја спушти топката. Има правнука и внуци на кои не им дозволува да го викаат ‘дедо’, а сега повторно чека бебе. Мик многу се плаши од стареењето, затоа и го прави сето ова“, изјавил негов близок пријател.

Покрај со фактот што имаат дете, тие ја шокирале јавноста и со своите чудни правила што ги имаат во врската. Имено, Мик и Мелани се во отворена врска, што им дава слобода да се гледаат и да излегуваат со други луѓе.

Пејачот целосно го користи тоа свое право, бидејќи во меѓувреме бил и со младата продуцентка Нор Алфалах, која го следела на неговите концерти ширум светот. Сепак, одлучил да ја остави за да има повеќе време за Мелани и нивниот син.

По гласините дека ќе ја остави Мелани поради младата манекенка Маша Руденко, Мик ѝ купил на Мелани куќа во Њујорк, што ја платил 7 милиони долари.

Медиумите пренесуваат и дека пејачот е обврзан да ѝ плаќа на Мелани 15.000 долари месечно за да го чува нивниот син. Наводно, Мик е обврзан да ги сноси сите трошоци за школувањето на син му, до неговиот 18-ти роденден.

Мик Џегер има осум деца, осмото дете го добил со Мелани, а преостанатите седум му ги родиле различни жени. Со првата сопруга, адвокатката и поранешна актерка Бјанка де Масијас, има ќерка, дизајнерка на накит Џејд Шену.

Во вториот брак со актерката и моделка Џери Хол добил ќерки, манекенките Елизабет и Џорџа Меј, како и синови, актерот Џејмс и моделот Габриел.

Со поранешната девојка, манекенката Луцијана Хименез, има син Лукас, а во врската со писателката и пејачка Марша Хант добил ќерка, актерката Карис.

Поради неа, Мик Џегер ја оставил жена си по 22 години врска: Убавата Лусијана сега се бакнува со двојно помлад дечко!
Прочитајте и

Коментарите се заклучени.