Си разменувале страсни бакнежи пред сите на плажа: Познатата двојка не им обрнувала внимание на шокираните погледи!

Не можат да се воздржат

Не се грижат за другите и уживаат во напливите на страст, како да се сами!

Познатото холандско ТВ-лице Силви Мајс (42) и германскиот актер Никлас Кастељо (42) уживаат на одмор во прекрасната Италија. Доказ дека нивната љубов цути се најновите фотографии од летувањето, на кои си разменуваат нежности пред сите, без да се воздржуваат.

Имено, папараците ги уловиле во многу романтични мигови, додека уживале на плажите на Сардинија.

На нив јасно се гледа дека поранешната сопруга на фудбалерот Рафаел ван дер Варт е огнена убавица! Не ги тргала рацете од својот нов сопруг. Пофални зборови на сметка на нејзиниот беспрекорен изглед само се нижеле под фотографиите.

 

Сопружниците им се препуштиле на емоциите како вљубени тинејџери. Непрекинатo си разменувале страсни бакнежи. Силви гордо шетала на плажа во минијатурен костим за капење, покажувајќи го затегнатото мускулесто тело. А неретко го покажува и на социјалните мрежи.

 

Мајс, која влече корени и од Холандија и од Германија, со години гради кариера на ТВ-лице и новинарка, а се специјализирала за приказни за познати и влијателни луѓе. Некои од ексклузивните интервјуа се оние со Бритни Спирс и Кајли Миног.

Силви и Никлас се венчале пред две години во Фиренца, а фотографиите од раскошната церемонија го обиколиле светот. Меѓутоа, двојката беше критикувана поради тоа што ја организирале свадбата во времето кога коронавирусот владееше во Италија. Уживаат во љубовта од 2013 година, а новинарката зад себе има и пропаднат брак со Рафаел ван дер Варт.

Џеј Ло и Бен Афлек уловени додека разменуваат сочни бакнежи (ФОТО)
Прочитајте и

Коментарите се заклучени.