Шарлиз Терон искрено: „Веќе 10 години немам љубовен партнер, мажите се плашат од мене!“

Си ја отворила душата!

ФОТО: Profimedia

Таа е силна жена во машка индустрија и никогаш се плашела да го каже својот став

Шарлиз Терон веќе некое време е во потрага по љубовен партнер, но нагласува дека нема заинтересирани. Како е тоа воопшто можно?!

43-годишната актерка зборувала за својот приватен живот во една емисија минатиот четврток. Таа моментално го промовира својот нов филм „Long Shot“, а во разговорот, помеѓу другото, истакнала дека воопшто не е лесно како што изгледа да најде некого со кого барем би излегла на љубовен состанок.

„Веќе 10 години сум сингл. За чудо, јас сум слободна“, открила убавата актерка.

Ова не е првпат Шарлиз да зборува отворено за ова. Актерката е изненадена што мажите и понатаму на некој начин се плашат од неа. Таа пред се’ е силна жена во машка индустрија и никогаш не се плашела од тоа да го каже својот став.

„Не знам ни како мажите воопшто ми одговараат на прашања. Многу ги плашам“, потврдила таа во едно интервју.

Таа најчесто зборува со одредена доза хумор и без пардон.

„Сепак, би требало да имаш храброст за да седнеш пред мене“, изјавила таа на шега.

Последната врска на добитничката на „оскар“ била со Шон Пен, а пред него се гледала со уште еден актер, Стјуард Таунсенд. Ја имаат поврзувано и со други актери (со Бред Пит, на пример), но таа ги негирала таквите претпоставки.

Шармантната актерка е мајка на две деца, Џексон (7) и Август (3).

„Ги обожавам моите деца. Никој не може да ме насмее како нив. Ми го променија животот, но понекогаш ми доаѓа да излезам од сопствената кожа. Фала Богу што мајка ми живее на истата улица и што баба им секогаш е подготвена да помогне кога ќе затреба“, истакнала Терон.

За крај заклучила дека е благодарна за сите промени што и’ се случиле низ годините и секој ден се’ повеќе ужива во нив. А што се однесува до мажите – ќе се појави некој!

loading...

Прочитајте и

Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Сакаш посебен третман?
Зачлени се во елитниот клуб. Регистрирај ја својата е-адреса и добивај специјални понуди и вести
Одјава е можна во секое време