Се омажи со актерот чии постери ги лепела на ѕидовите: Најдобрите години ги поминала со мажи што не ја сакале!

Љубовна приказна

Дали конечно пронашла среќа?

Кејти Холмс е една од холивудските актерки кои сè уште привлекуваат внимание со својот младешки изглед, иако наскоро ќе наполни 44 години.

Светска слава стекна откако во 1998 година се појави во ТВ-серијата „Светот на Досон“ на само 20 години, а уште попозната стана кога почна да се гледа со актерот Том Круз, кој бил нејзина детска љубов.

Кога почнала да глуми во популарната серија, во интервјуата секогаш зборувала дека најмногу ѝ се допаѓа Том. И навистина, се запознале во 2005 година, а по осум недели се свршиле.

Во април 2006 година, Кејт ја роди нивната ќерка Сури. Кон крајот на таа година, двојката се венча во Италија, а биле присутни многу познати личности, како Дејвид и Викторија Бекам и Вил и Џејда Смит.

Но шест години по венчавката, поточно во 2012 година, двојката се разведе и сè уште ја немаат јавно објавено причината за разводот. Но најтажното во целата приказна е тоа што Том не смее да ја гледа својата ќерка поради сајентологијата чиј припадник е тој, а Сури не е. Наводно, последен пат ја видел во 2013 година, но никогаш нема да знаеме дали тие се гледаат подалеку очите на јавноста.

Сепак, неодамна почна да се шушка дека популарниот актер ќе ја напушти својата вера, бидејќи видел слика од пораснатата Сури и му било тешко што не бил покрај неа сите овие години. Во меѓувреме, Кејти си најде нов дечко, 33-годишниот главен готвач Емилио Витоло, воедно и наследник на омилениот њујоршки ресторан Emilio’s Ballato. Но изгледа дека Емилио раскинал со својата поранешна свршеничка Рејчел Емос токму поради популарната актерка, додека таа купувала венчаница за нивната свадба.

Наводно, и мајка му на Емилио, Лурдес Витоло е гневна поради целата ситуација во која моментално се наоѓа нејзиниот син, бидејќи не очекувала дека на ваков начин ќе ја раскине свршувачката.

„Лурдес не го воспита да биде таков и ни најмалку не ѝ се допадна како постапи. Тој и неговата свршеничка не избрзаа да стапат во брак, најверојатно бидејќи не ни функционираа баш најдобро. Тој сака постари жени. Пред Кејти, беше во врска со постара водителка од телевизијата Фокс и со уште неколку на слична возраст“, рекол еден извор за медиумите.

Пред Емилио, Кејти со години беше во врска со Џејми Фокс, кој одбивал да се појави со неа во јавност. По неколку години заеднички живот, Џејми ја оставил Кејти, која влетала во прегратките на Емилио Волте, но многумина наведуваат дека тоа е само маркетиншки трик, бидејќи на Кејти очајно ѝ треба позитивен маркетинг.

Сите се загрижија за Кејти Холмс поради овие фотографии: Му се вратила на стариот порок?!
Прочитајте и

Коментарите се заклучени.