Саманта се врати: Славната актерка конечно го покажа 16 години помладиот дечко со кого е во врска подолго време

Погледнете

Ким Катрал присуствувала на гламурозен настан во Лондон и во таа пригода, се појавила во друштво на 16 години помладиот дечко

Актерката Ким Катрал се појавила на црвениот килим со дечкото Расел Томас, со кого е во врска од 2016 година.

Ким (66) изгледала како штотуку да исчекорила од серијата „Сексот и градот“, што многумина ги навело да помислат дека занесната Саманта се вратила! Облечена во црно кратко фустанче без прерамки, Ким изгледала неверојатно сексапилно.

Додека 16 години помладиот Расел ја прегрнувал, Ким блескала.

Ким досега била три пати во брак. Првпат се омажила за Лари Дејвис, од кого се развела во 1979 година. Неколку години подоцна, во 1989 година, се развела од својот втор сопруг Андре Џ. Лисон, за во 2004 година да се разведе од третиот сопруг Марк Левинсон.

Ким Катрал неодамна раскажала како го запознала Расел. Имено, тој бил многу упорен и барал да излезат на вечера. Актерката признала дека многу е лесно да се биде во врска со Расел.

„Не се познававме добро, освен што имавме излезено во неколку ресторани заедно. Но одлично се согласувавме и останавме заедно. Ми годи неговата близина. Има неверојатна смисла за хумор и е вистински мелем за очи“, рекла атрактивната актерка.

Што се однесува до нејзиното враќање во серијата „Сексот и градот“, ликот на Саманта што го играла останува во текстот, но нема да се појавува лично поради постојаните караници што ги имала со актерката Сара Џесика Паркер.

Иако категорично одбива да се појави во популарното продолжение на серијата, Картал се појавува во многу други улоги. Покрај во серијата „Како го запознав татко ви“, ќе се појави и во новиот филм „За татко ми“ покрај Роберт де Ниро.

Целиот свет ја чекаше нејзината реакција: Ким Катрал јасно даде до знаење што мисли за продолжението на серијата „Сексот и градот“!
Прочитајте и

Коментарите се заклучени.