Раскинавте, но уште се мотате околу него? 5 знаци дека вие сте „лудата бивша“

Се надеваме дека нема да се препознаете во следниов текст

Ова се знаците што ќе ви покажат дека сте скршнале од правиот пат

Сите знаеме барем една личност која не може достоинствено да излезе од врската, туку се претвора во лудата бивша, но како да знаете дали токму вие сте таа? Следниве знаци ќе ви го одговорат прашањето…

Постојано го прогонувате на социјалните мрежи

Раскинавте, но сега знаете многу повеќе работи за неговиот живот одошто сте знаеле кога сте биле заедно. Знаеме дека ви се чини нормално постојано да проверувате што прави вашиот поранешен дечко, каде се наоѓа и со кого е, но тоа не е нормално. Тоа го прават лудите бивши.

Намерно се појавувате на местата каде што ќе го сретнете

Ова го правите бидејќи ви недостасува, но ако сакате чувството да биде обострано, мора и вие нему да му недостасувате. Ако се појавувате во кафулето каде што пие кафе или „случајно“ го среќавате пред зградата во која работи, нема да му недостасувате.

Му се обраќате на социјалните мрежи

Лутите статуси, песните со посвета и депресивните цитати не се ниту привлечни ниту секси, само делуваат очајно.

Се однесувате како да сте заедно

Без разлика дали му коментирате на статуси, при што се обидувате да сокриете дека сте прекинале, или постојано му праќате пораки како да сте сè уште заедно, со ваквото однесување само ќе делувате лудо.

Правите сцени

Не мора да објаснуваме зошто девојките кои прават сцени автоматски припаѓаат во категоријата „луди бивши“, зар не?

Прочитајте и

Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Сакаш посебен третман?
Зачлени се во елитниот клуб. Регистрирај ја својата е-адреса и добивај специјални понуди и вести
Одјава е можна во секое време