Прво се гледала со таткото, па го завела неговиот син и му родила дете: Скандалозната приказна на поранешната прва дама на Франција!

Карла Бруни

Љубовниот живот на фаталната Французинка и денес крева прашина

Карла Бруни (54) е поранешна прва дама на Франција и жена на некогашниот француски претседател Никола Саркози (67), но дали сте знаеле дека оваа манекенка и канавторка пред сегашниот сопруг успеала да заведе татко и син, а со едниот од нив дури и добила дете?

 

Таа е во брак со Саркози од 2008 година и со него има ќерка Џулија (10), додека и двата сопружника имаат уште деца од претходните бракови – Карла го има синот Аурелио (21) кого го добила со водителот Рафаело Ентовен, а Саркози го има Луис (27) од бракот со политичарката Сесилија Атијас.

Врската на Карла и Никола од почетокот кревала огромна прашина, бидејќи многумина сметале дека познатата манекенка не е достојна да биде прва дама на Франција, меѓутоа таа не обрнувала внимание на критиките, а останала со Саркози дури и кога бил осуден на затворска казна поради корупција и примање мито. Иако овој брак предизвикал јавно негодување, многу поинтересен бил претходниот љубовен живот на Карла, кој се нашол во центарот на вниманието по објавувањето на автобиографскиот роман на нејзиниот бивш партнер.

Имено, Карла Бруни во 1990-тите години била во врска со ценетиот француски филозоф Жал Пол Ентовен (73). Меѓутоа, врската не им потрајала, бидејќи познатата убавица се вљубила во друг маж, и тоа ни помалку ни повеќе, туку во Ентовен помладиот, односно во синот на Жан Пол, Рафаело.

Во периодот кога се запознале Карла и Рафаело, тој бил во брак со Џастин Леви, меѓутоа набрзо ја оставил за да ја продолжи врската со манекенката. Двојката била во кратка врска, за време на која го добиле синот Аурелио. Потоа, две децении по раскинувањето, Рафаело во 2020 година одлучил да ја преточи оваа љубов во мемоари со наслов Les Temps Gagne (Добиено време).

Тој во книгата пишувал за младоста и за своите љубовни врски, а Карла ја опишал како идеалната жена, поради што татко му решил да се откаже од него. Филозофот гневно реагирал на објавувањето на романот во јавноста.

„Не сакам кога нечиј приватен живот се изнесува во јавност на ваков начин. Зошто јас и моите најдраги би морале да трпиме нечии љубопитни погледи и оцрнување. Зар некој има право без наша согласност да ни ги тргне маските, што можеби секој од нас би требало да ги има во животот, а сето тоа поради негово сопствено задоволство“, рекол тогаш Жан Пол.

Тој тогаш преку СМС-пораки ја прекинал секоја комуникација со синот, по што додал дека е тажен и дека срцето му е скршено.

Покрај со таткото и синот и со сегашниот сопруг, Карла во 1990-тите наводно била и со Доналд Трамп, а се шушка дека на нејзината листа на бивши се наоѓаат и Мик Џегер и Ерик Клептон.

Денес има 54 години и понатаму важи за една од најубавите жени на светот.

Љубовни афери, измами, естетски операции и караници: Дали таа е најскандалозната прва дама?
Прочитајте и

Коментарите се заклучени.