Први средби: Еве што можете да откриете на прв поглед

Што кажува говорот на телото?

Фото: Pexels

Ако внимателно ја набљудувате личноста што ја гледате за прв пат, можете да научите многу за неа, па затоа кога втор пат ќе сретнете некого, добро е да го погледнете и еве што можете да откриете…

Нивните карактеристики

Можете да процените нечии карактеристики врз основа на тоа колку тие се отворени или затворени во комуникацијата. Експертите велат дека само гледајќи фотографија на некој во опуштена положба, можеме да препознаеме дали дотичната личност е емоционално стабилна, пријатна за дружење или осамена.

Социјален и економски статус

Студија објавена во едно списание покажа дека луѓето со повисок социјален и економски статус честопати не внимаваат за време на разговорите. На пример, тие не се обидуваат да учествуваат во разговор што можеби не е во нивната сфера на интерес, па затоа се свртуваат кон активности како што се „чкртање“ на хартија, не климаат со главата и не се насмевнуваат. Од друга страна, луѓето со понизок социјален и економски статус имаат тенденција да посветат целосно внимание на својот соговорник, без разлика колку е досадна темата.

Дали тие ве сметаат за привлечни

Од говорот на телото е можно да препознаете дали некое лице се чувствува привлечено од вас. Подигнати веѓи и насмеани очи за време на разговор, учтиво лижејќи ги усните, несвесно допирајќи го сопствениот врат… Ако ги забележите овие „знаци“ на вашиот соговорник, големи се шансите да му се допаѓате.

Прочитајте и: Ова се навиките на паровите кои имаат здрава и стабилна врска

 

ФОТО: Pexels

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.