Познати личности што среќата во љубовта ја пронашле на социјалните мрежи
А некои и ја загубиле, исто така...
Верувале или не, и познатите личности имаат проблеми во пронаоѓањето на својата идеална половина. Токму затоа, не се воздржуваат да си ја пробаат среќата и на социјалните мрежи, каде што често успеваат да „кликнат“.
Таков е примерот со еден од најпосакуваните пејачи Рики Мартин, кој својот партнер Џван Јозеф го запознал на Инстаграм.
Имено, пејачот откри дека се допишувале шест месеци, а на крајот одлучил да одлета во Лондон за да се запознаат. Потоа се свршија во 2016 година, а се венчаа една година подоцна. Денеска имаат две деца.
View this post on Instagram
Human rights, human rights and more human right. SIMPLE! @humanrightscampaign . 📸:@paulmorigi
И Мартин и Јозеф велат дека социјалните мрежи денес се место на кое лесно може секој да го најде својот партнер.
И Софи Тaрнер и Џон Џонас се запознале преку „Инстаграм“, а неговиот брат Ник Џонас и актерката Пријанка Чопра преку „Твитер“.
По неколкугодишната врска, актерката и пејачот се венчаа во 2018 година.
Келвин Харис и Рита Ора исто така се допишувале преку „Твитер“. Во врска беа од мај 2013 година до почетокот на 2014 година, а пејачот откри дека врската ја раскинале на истото место каде што се запознале – на Твитер.
Фото: Instagram, Getty Images