Познатата убавица открила: „Не е лесно кога ќе дознаете дека вашиот партнер чека дете со бившата!“

Дознајте повеќе!

Жизел Бундхен за првпат проговорила за тоа како и’ се срушил светот кога дознала дека нејзиниот сегашен сопруг Том Брејди очекува дете со бившата

Брејди и Жизел денес имаат среќен брак и две деца, но на почетокот од нивната љубов не им било сè идеално.

Спортистот Том Брејди бил во врска со Бриџет Мојнахан во период од 2004 до 2006 година.

„По два месеца врска со Том дознав дека очекува дете со поранешната девојка. Веќе утредента весниците пишуваа сè за тоа. Тогаш целиот свет ми се сруши“, напишала манекенката во својата книга „Lessons: My Path To A Meaningful Life“.

Бриџет останала бремена со Брејди кон крајот на ноември или почетокот на декември 2006 година, а Жизел го запознала Брејди на состанок на слепо токму декември истата година.

И покрај тоа, манекенката не го напуштила Том во тоа време, бидејќи како што таа вели дека тогаш му требало најмногу љубов и поддршка.

Денес, синот на Том, Џек, има 11 година и многу често е дел од нивното семејство, што може да се види на нивните приватни фотографии.

Жизел вели дека раѓањето на Џек ги инспирирало да основаат семејство и да ја збогатат со нови членови.

Парот денес има осумгодишен син Бенџамин и петгодишна ќерка Вивиен. Жизел и Том несомнено се пример за тоа дека вистинската љубов може да ги преброди и најтешките периоди!

 

Прочитајте и

Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Сакаш посебен третман?
Зачлени се во елитниот клуб. Регистрирај ја својата е-адреса и добивај специјални понуди и вести
Одјава е можна во секое време