Познатата холивудска двојка живее во двособен стан и сами си готват и чистат: Заработуваат милиони, но живеат скромно!

Одбрале скромен живот

Рајан Гослинг и Ева Мендез живеат во мал стан со две деца, сами готват и чистат и немаат дадилка

Кога Рајан Гослинг и Ева Мендез се заедно, ги прекршуваат сите непишани правила. Тие можат да си дозволат луксузен живот, но сепак одбираат да живеат едноставно. Живеат во мал стан, ги делат домашните обврски, а немаат ни дадилка. Причината зошто се одлучиле за ваков живот е специфична.

Рајан и Ева се големи холивудски ѕвезди, но живеат многу скромно. Се грижат за две ќерки, но не во огромна вила на Холивуд Хилс. Наместо тоа, живеат во мал стан со 2 спални соби. Актерите сакаат да им овозможат нормално детство на своите деца, поради што ја кријат својата приватност од љубопитните очи и поминуваат многу време надвор од градот. Таму можат да се шетаат со своите деца без да привлекуваат премногу несакано внимание.

Нивната најстара ќерка Есмералда има 8, а Аманда има 6 години. Гослинг и Мендез од принцип не сакаат дадилка, што е досега е невидено во Холивуд. Сами се грижат за своите деца, а кога ќе им затреба помош, им помагаат родителите на Ева.

Тие се совршената двојка. Тој обожава да готви, а таа да чисти. Нејзината страст за чистење прераснала и во бизнис-проект. Ева станала сопственичка на компанија што произведува антибактериски сунѓери за чистење.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Eva Mendes (@evamendes)

Мендез обожава да мие садови и да го чисти мијалникот. Тоа има терапевтско дејство на неа.

„Животот е многу хаотичен. Но единственото нешто што можам да го контролирам е мојата куќа, мојата кујна. Па така, кога мијам садови, тоа е медитативно за мене и не е само обично чистење, ми ја разбиструва главата. Чистиот мијалник за мене значи бистар ум“, рекла Мендез.

Како косопственичка на компанијата, мора да ги врши сите деловни повици. Сето тоа го прави од дома.

„Тоа е хаос! Имам видеоповици со разни луѓе во текот на денот, а немам поим што се случува. Само забележувам дека луѓето се кикотат и гледам дека мојата 5-годишна ќеркичка стои зад мене со своето ќебенце и изгледа толку слатко“.

Па затоа, ѕвездата поставила некои основни правила: затворена врата значи дека мама работи. Но нејзините деца и понатаму наоѓаат важни причини да ја посетат Мендез во нејзината домашна канцеларија.

Рајан има импресивна актерска кариера, поради која е често зафатен, но нагласува дека, пред сè, е татко, а потоа актер. Ева направила пауза во својата актерска кариера за да го посвети своето време на она што е најкреативното нешто на светот за неа – мајчинството. Вели дека и таа била опсипана со љубов од својата мајка и дека тие години ја формирале како личност. Мендез размислува да се врати на филмското платно, но нејзините очекувања за идните проекти се имаат променето – не сака да работи на ништо насилно.

Одлучиле да ги школуваат своите деца дома. На почетокот Ева се обидувала сама да ги подучува ќерките, но брзо се откажала од таа идеја. Сега девојките имаат тутор кој ги подучува дома и за време на патувањата.

Се омажи, роди деца, па исчезна без трага и глас: Еве каде е и што прави денес Ева Мендез!
Прочитајте и

Коментарите се заклучени.